Александар Дворчанец познат како Сале Блузмен (, — , ) — македонски музичар - свирач на усна хармоника и вокал, член и фронтмен на култната македонска група Crossroad Blues Band.
Животопис Дворчанец е роден во Прилеп на 29 ноември 1973 година. Во средината на 90тите години на XX век, Дворчанец стапува во контакт со гитаристот Бранко Нешкоски - Бане со кој собираат локални музичари и во стара куќа на крајот од градот започнуваат со работа. Го формираат бендот Crossroad Blues Band. Набрзо после почетокот стануваат локална атракција, поради големиот број на музичари на сцената и повеќеслојниот звук кој го произведуваат. Имаат бројни настапи во Прилеп и околните градови. На почетокот од 2000 година групата го снима својот прв сингл. По издадено 3 албума на 10 ноември 2018 година по кратко боледување и здравствени компликации, Дворчанец починал.Балканот и Европа посиромашни за една блуз усна хармоника – почина Сале „Блузмен“ од Crossroad Blues Band
Наводи
Категорија:Луѓе од Прилеп Категорија:Македонски музичари