Основно училиште „Св. Кирил и Методиј“ (официјално: Подрачно основно општинско училиште „Св. Кирил и Методиј“ - Луково; скратено: ПООУ „Св. Кирил и Методиј“) — подрачно основно училиште во селото Луково, кое престанало да работи како централно училиште во 2004 година. Училиштето се наоѓа во средишниот дел на селото Луково и претставува дел од основното училиште „Јабланица“ од селото Јабланица.
Училиштето е именувано по словенските просветители Светите Кирил и Методиј.
Галерија
Наводи
Категорија:Основни училишта во Општина Струга Луково Категорија:Луково (Струшко)