Куќа на Костојчиновци — староградска куќа во селото Вевчани, Македонија. Куќата е прогласена за споменик на културата на Македонија.
Историја
Куќата припаѓала на познатото вевчанско семејство на градители, Костојчиновци, кои работеле како печалбари, главно во Влашко.
Била прогласена за значајно културно наследство на Македонија со решение од 30 декември 2011 година од страна на Управата за заштита на културното наследство.
Архитектура
Куќата на Костојчиновци претставува малечка куќа со колонада од столбови и еркери што кружат на предниот дел од куќата, долниот дел е во камен, а горниот дел од бондрук конструкција.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Костојчиновци Костојчиновци