Кетлин Џоан Тоел Рајкс (; р. ) е американски крими писател, форензички антрополог и академик. Таа е асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот; од 2016 е на отсуство на неопределено време. Исто така се поврзува со Laboratoire des Sciences Judiciaires et de Médecine Légale за провинцијата Квебек. Рајкс е една од стоте антрополози со сертификат од Американскиот одбор за форензичка антропологија и е дел од Одборот на директори на Американската академија за форензички науки. Нејзините ангажмани вклучуваат голем број на говорења низ целиот свет. Кети беше продуцент на ТВ серијата Коски, која до одреден степен е заснована на нејзините романи, кои пак се инспирирани од нејзиниот живот."Reichs, Kathy", Britannica Online (see below: References). Има две ќерки, Кери и Кортни и еден син, Брендан.
Академска кариера Рајкс ја добива својата диплома по антропологија при Американскиот Универзитет во 1971. Во 1972 магистрира, а во 1975 докторира по физичка антропологија на Севернозападниот Универзитет. Оттогаш, Рајкс предава на Универзитетот во Северен Илиноис, Универзитетот Питсбург, Универзитетот Конкордија и МекГил Универзитетот, а моментално е на отсуство од позицијата асистент професор по антропологија на Универзитетот Северна Каролина во Шарлот. Во минатото, Кети се кандидира за Канцеларијата на главен медицински испитувач во Северна Каролина.
Рајкс се појавува во Танзанија за да сведочи на Меѓународниот криминален трибунал за Руанда на Обединетите Нации. Таа му е асистент на д-р Клајд Сноу и Фондацијата за гватемалска форензичка антропологија во процесот на ексхумација во областа на Езерото Атитлан во висорамнините на југозападна Гватемала. Беше член на Тимот за оперативен одговор на катастрофи - ДМОРТ, чија задача беше да помогне при катастрофата на Светскиот трговски центар.
Академски трудови
Академски книги
Фикција Во прилог на техничките книги, Рајкс има напишано 19 романи, кои се преведени на 30 јазици.Kathy Reichs book suppliers . Personal website. Retrieved 1/11/09. Нејзината прва новела, „Веќе мртов“, ја освои наградата Артур Елис во 1997 за најдобар прв роман.Arthur Ellis Award - list of past winners . Crime Writers of Canada. Retrieved 1/11/09.
Фиктивната хероина во нејзините романи, Темперенс Бренан е исто така форензички антрополог. Нејзиниот животен стил многу потсетува на животот на Кети, што ја потврдува и изјавата на авторката дека таа и Бренан „имаат исто CV“ и дека некои од одликите на Бренан се и нејзини, но постои разлика во нивниот личен живот, како на пример алкохолизмот на ликот. Добар дел од романите се засновани на вистинити научни факти и Рајкс изјавува дека таа е „многу совесна да ја напише науката правилно“ во нејзините книги. Користи искуства од нејзината кариера, а за „Веќе мртов“ вели дека сè што напишала во книгата, всушност и го направила. Во романот „Гробни тајни“, ги искористува своите искуства што ги стекнува при посетата на Гватемала.
Исто така го има напишано серијалот за млади наречен Виралс, каде главната улога ја има внуката на Темперенс, Тори Бренан и неколку нејзини пријатели: Бен, Хирам, Шелтон и кучето - волк Купер.
Во нејзиниот последен роман, Две ноќи, објавен на 11 јули, 2017, централното место го зазема остра хероина.
Темперeнс Бренан серијал БројНасловГодинаОригинален насловБелешки1Веќе мртов1997Déjà DeadНаграда Артур Елис за најдобар прв роман, 19972Смрт на денот1999Death du Jour3Смртоносни одлуки2000Deadly Décisions4Фатално патување2001Fatal Voyage5Гробни тајни2002Grave Secrets6Голи коски2003Bare Bones7Понеделничко оплакување2004Monday Mourning8Вкрстени коски2005Cross Bones9Не крши коски2006Break No Bones10Коски до пепел2007Bones to Ashes11Ѓаволски коски2008Devil Bones12206 коски2009206 Bones13Пајакови коски 2010Spider Bonesиздадена како „Смртни остатоци“ (Mortal Remains) во Велика Британија и Австралија со тврди корици,променето во „Пајакови коски“ за издавање со меки корици14Месо и коски2011Flash and Bones15Коските се засекогаш2012Bones are Forever16Коски на изгубените 2013Bones of the Lost 17Коските никогаш не лажат2014Bones Never Lie18Зборувајќи во коски 2015Speaking in Bones19 Колекцијата на коски 2016The Bone Collection Збирка на раскази, вклучувајќи ја и „Први коски“(First Bones, претходник на „Веќе мртов“), „Коски во нејзиниот џеб“ (Bones in her Pocket), „Мочуришни коски“ (Swamp Bones) и „Коски на мраз“ (Bones on Ice). Овие книги се нумерирани како 0.5, 15.5, 16.5, 17.5, соодветно.GoodReads. GoodReads. Retrieved 2016/12/23.20 Заговор на коски 2018A Conspiracy of Bones
Самостојни книги БројНасловГодинаОригинален насловБелешки1 Две ноќи2017 Two Nights Самостојна, новела надвор од серијал, со нови ликови.Twitter. Twitter. Retrieved 2016/12/23.Website. Website. Retrieved 2016/12/23.
Виралс серијал
НасловГодинаОригинален насловБелешкиВиралс2010ViralsНапад2011SeizureКод2013CodeИзложеност2014Exposure'
|Терминал|2015 |Terminal| |- |Траги како докази |2016 |Trace Evidence | Збирка на раскази вклучувајќи ги „Шок“ (Shock), „Смена“ (Shift) и „Клинец“ (Spike'') (нов сет на приказни по случувањата од „Терминал“).
Новели Рајкс има напишано шест раскази кои се достапни на интернет:
НасловГодинаОригинален насловБелешкиСмена2013Shift Сместено во светот на „Виралс“, но со ликовите од „Виралс“ и Темперенс Бренан.Коски во нејзиниот џеб2013Bones In Her Pocket Приказна со Темперенс Бренан со детали за случај кој е кратко споменат во „Коски на изгубените“.Удар2013Swipe Приказна со „Виралс“ и Темперенс Бренан, со локација во Сан Диего.Мочуришни коски2014Swamp Bones Приказна со Темперенс Бренан во Флорида Еверглејдс.Шок2015Shock Приказна за првото запознавање на ликовите од „Виралс“.Коски на мраз2015Bones On Ice Приказна за Темперенс Бренан и студен случај: смрт на Монт Еверест.
Телевизија
Серијата Коски од 2005 на Фокс е инспирирана од животот и делата на Рајкс.Bones Show Info Хероината од серијата го позајмува името на хероината од книгите на Рајкс, Темперенс "Боунс" Бренан. Како и во книгите, Бренан (Емили Дешанел) е форензички антрополог; но исто така постојат и многу разлики: теливизискиот лик е помлад, со поголема социјална анксиозност, и е со седиште во фиктивна верзија на Смитсоновскиот институт во Вашингтон. Дополнително, телевизискиот лик Бренан е автор, кој пишува за фиктивен форензички антрополог по име Кети Рајкс. Покрај името на ликот и професијата, има само неколку сличности помеѓу ТВ серијата и книгите.
Рајкс е продуцент на серијата Коски за да ја зачува автентичноста на науката. Се појавува во епизода од втората сезона како професор Констенс Рајт, форензички антрополог кој е дел од одборот кој ја води одбраната на тезата на Зек Еди.Bones episode Judas on a Pole at IMDb.com Таа е автор на една епизода во петтата сезона,Full credits for Bones episode "The Witch in the Wardrobe" at IMDb.com една епизода во деветтата сезона и заедно со нејзината ќерка Кери пишуваат една епизода во единаесеттата сезона.
Судење за убиство на Кејси Ентони
Во 2011, Рајкс била вештак во судењето за убиство на Кејси Ентони. Иако првично одбива да биде учесник во судењето, сепак пристрасноста на медиумите ѝ го менува мислењето и Кети изјавува дека на оваа жена треба да ѝ се суди на суд, а не по медиуми.
Кети изврши целосна скелетна анализа на ќерката на Кејси, Кајли, но не успеа да ја утврди причината за смртта. Заклучи дека не постојат докази за насилство и дека детето изгледало како да примало соодветна грижа.
Наводи
Литература "Reichs, Kathy", Britannica Online Encyclopedia, 2009, webpage: EBc-KReichs.
Надворешни врски
Kathy Reichs: Turning a lifelong career into writing success at Jarrah Loh.com Kathy Reichs Interview Shots Ezine October 2012
Категорија:Американски форензички научници Категорија:Американски академици Категорија:Американски писатели Категорија:Американски продуценти Категорија:Форензички антрополози Категорија:Родени во 1950 година Категорија:Живи луѓе