Моник Адолф (; , во ) е француски научник и истражувач во областа на цитологијата. Таа е една од пионерите на култура на вонтелесни клетки и нејзините примени во алтернативите за животинско тестирање. Таа е добитник на Орденот на Почесната легија, како и на бројни други одликувања и награди.

Животопис По нејзиното фармаколошко стажирање во Хотел-Дие де Париз под менторство на Жан Чејмол во 1950-тите, Моник Адолф во 1960 ги насочува своите истражувања во полето на култура на клетки. Со Пол Лехат се жестоки застапници на идејата за алтернативни методи при животинското тестирање, промовирајќи употреба на вонтелесно оплодување, во исто време препознавајќи ги и границите на овие методи.

Голем дел од нејзината истражувачка кариера е посветена на проучување на 'рскавицата и хондроцитите. Како Истражувачки директор на Лабораторијата за клеточна фармакологија при Школата за истражување до 1997, таа обучува голем број млади научници за методите на култура на клетките. Во 1986 го основа Société de pharmaco-toxicologie cellulaire ("Друштво за клеточна фармако-токсикологија") (СПТЦ).

Од 1990 до 1994 Моник е претседател на École pratique des hautes études. На 7 јануари 2009 станува претседател на Académie Nationale de Pharmacie ("Национална академија за фармација") во рок од една година - првата жена на оваа позиција уште од основањето на Академијата во 1803.

Почести и одликувања Член на Националната академија за медицина (Académie Nationale de Médecine) (избрана 2001) Почесен член на Националната академија за фармација (избрана во 1984, почесен член од 2002); Вицепретседател од март, 2008; Претседател од јануари, 2009 Странски почесен член на Кралската академија за медицина на Белгија (Académie royale de médecine de Belgique) Monique Adolphe on the website of the Académie royale de médecine de Belgique. Почесен претседател на Друштвото за клеточна фармако - токсикологија Honorary President of the European Society of tissue culture Орден на офицер на Почесната легија Орден на заслуги Орден Академски палми

Библиографија Молекуларна фармакологија, Ив Коен со Моник Адолф, ед. Масон, 1978. Напредоци во физиолошките науки, том 10: Хемотерапија, Моник Адолф, издавач: Franklin Book Company, Inc, 1979. . Култура на животински клетки, Моник Адолф и Џорџија Барловац-Мејмон, ед. ИНСЕРМ, 1987. Вонтелесни методи во фармако-токсикологија, Моник Адолф и Андре Гилоузо, ед ИНСЕРМ, 1988, . Биолошки регулации кај хрондоцитите, Моник Адолф, издавач: CRC Pr Llc, 1992. . Култура на животински клетки, Џорџија Барловац-Мејмон и Моник Адолф, ед. ИНСЕРМ, 2003. .

Наводи Забелешка од преведувачот: Овие се на француски.

Надворешни врски Забелешка од преведувачот: Овие се на француски. Monique Adolphe sur le site officiel de l'Académie nationale de pharmacie

Категорија:Научници од Париз Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски биолози Категорија:Француски фармаколози Категорија:Родени во 1932 година Категорија:Офицери на Почесната легија Категорија:Командири на Националниот орден за заслуги (Франција) Категорија:Командири на Орденот Академски палми Категорија:Жени биолози Категорија:Офицери на Легијата на честа Категорија:Апсолвенти на Парискиот универзитет