мини|175px|Чифт современи снегоодалки175px|мини|Традиционална снегоодалка Снегоодалка или снежница или крпљи — обувки за одење по снег. Снегоодалката функционира со распределба на тежината на лицето на поголема површина, така што ногата на лицето нецелосно тоне во снегот, особина наречена „флотација“. Снегоодењето е форма на пешачење.

Традиционалните снегоодалки имаат дрвена рамка на која се оптегнати кожени жици. Некои современи снегоодалки се слични со традиционалните, но повеќето се направени од материјали како што се лесни метали, пластика и синтетички ткаенини. Освен распределбата на тежината, снегоодалките генерално се подигнати на прстите за полесно маневрирање. Тие не смеат да лепат снег, затоа се користи решетката, и потребно е да се врзат за да се закачат на нозете.

Во минатото, снегоодалките биле основни алатки за крзноловците, стапичарите и секој чиј живот или жиевеење зависело од способноста да се движи во областите на длабоки и чести снежни врнежи. Тие остануваат неопходна опрема за шумарите и други кои мора да бидат во состојба да се движат во области недостапни за моторизирани возила кога снегот е длабок. Сепак, снегоодалките денес главно се користат за рекреација, првенствено од страна на туристите и тркачи кои сакаат да го продолжат своето хоби во зима. Снегоодењето е лесно да се научи и во соодветни услови е релативно безбедна и евтина рекреативна активност. Сепак, снегоодењето на замрзнати, стрмни терени може да биде опасно.

Развој

Почетоци мини|Tрaдициoнaен изработувач на снегоодалки околу 1900 - 1930 год. За појавата и пориодот на користење на снегоодалките не се знае многу, иако повеќето од историчарите веруваат дека снегоодалките се измислени пред околу 4000 - 6000 години, најверојатно започнувајќи од Средна Азија. Британскиот археолог Џаки Вуд претпоставувал дека опремата за која се тврди дека е рамка од ранец на енеолитската мумијата Еци е всушност дел од снегоодалка. Страбон напишал дека жителите на Кавказ прцврстувале рамни површини од кожа на своите стапала како и рамни дрвени штици. Како и да е, „традиционалните“ снегоодалки како што ги знаеме денес имаат нпосредно потекло кај домородното население во Северна Америка, како на пр. племињата Хурон, Кри итн.. Самуел де Шамплан во своите патеписи напишал, (мислејќи на племињата Хурон и Алгонквин):„Зиме, кога има многу снег, тие (индијанците) прават еден вид снегоодалки кои се два до трипати поголемо одошто тие во Франција, ги врзуваат на своите стапала и така одат врз снегот без да пропаѓаат во него, инаку не би биле способни да ловат или да одат од едно место до друго.“

снегоодалките кај домородното население во Северна Америка лево|мини|Припадници на племето Оџибва танцуваат со снегоодалки. Може дасе забележат снегоодалки со преден и заден жилест дел. Цртеж на Џорџ Кетлин мини|Tрaдициonaлно снегоодалки од долината на реката Јукон. мини|Tрaдициoнaлни снегоодалки од племето Ину во облик на опаш од дабар. Се забележува фината плетка. мини|Moдeрни ловечки снегоодалки од Aтaбaскa мини|снегоодалки од племето Дин Домородното население во Северна Америка ги развило најнапредните и најразновидните снегоодалки до почетокот на XX век. Различните облици биле прилагодени кон различните услови во секоја област. И покрај големата разновидност во облиците, снегоодалките се всушност еден од неколкуте културни елементи заеднички за сите племиња кои живееле онаму каде има снежни зими, всушност, во Северните делови на Северноамериканскиот континент. Скоро секоја култура од американските староседелци развила свој особен облик на снегоодалка, од кои наједноставните биле оние во далечниот север."Snowshoes" The Museum Journal vol II #4:82-94 (December 1911) Penn Museum

Иниутитие имале два вида, едните триаголни во облик и околу 46 cm во должина, а другите скоро кружни, и обата вида ја остликуваат потребата за што помало пропаѓање во длабок, растресит и прашнест снег. Како и да е, наспроти општоприфатеното верување, Инуитите не ги коистеле многу своите снегоодалки бидејќи повеќето од своите патувања во зима ги правеле преку морски мраз или преку тундрата, каде снегот не се наталожува до толку голема мера.

Кон југ крпљете станува сè потесна и подолга, едни од најголемите се ловечките снегоодалки од племето Кри, кои се скоро 1,8 m долги и завиткани нагоре во предниот дел.

Карпљите од Aтaпaска се направени за брзо движење врз сув прашнест снег преку рамни, отворени простанства во Алјаска и Канадскиот Североисток. Тие биле користење за движење покрај санки со кучешка запрега, како и пробивање патека за истите. Може да бидат долги и до 2,1 m, и се тесни со предниот дел завиткан нагоре.

снегоодалките од племето Оџибва се направени за лесно маневрирање, и се зашилени и на преднио и задниот дел, и со тоа со нив може полесно да се чекори наназад. Исто така лесно е изработуваат, бидејќи надворешната рамка се прави само од два дела..

Племето Хурон имале снегоодалки кои биле потешки во задниот дел, што ги прави полесни за движење нанапред но не бш лесни за скршнување. Доволно се широки така што најголемата широчина од едната снегоодалка да биде покрај задниот тесен дел од другата снегоодалка, и со тоа чекорењето не треба да биде со премногу раширени нозе.

снегоодалките развиени од страна на Ирокезите се потесни и пократки, отсликувајќи јапотребата за маневрирање во шума.

снегоодалките во облик на мечкина шепа се нашироки користени во густите шуми во Квебек and Лабрадор. Немаат опашест заден дел, и со тоа со нив полесно се скршнува.

Домородното население од Средишние низини од Северноамериканскиот Континент носеле снегоодалки во сезоната на зимски лов на бизон пред да почнат да користат коњи.

Користење на снегоодалките во Европа

Користење на снегоодалките во Евроазија пред контактот со Американскиот континент IВо 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во ледник кој топи во Доломинитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за снегоодалка со груба рамка.

„снегоодалките-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и снегоодалки биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина. Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во ледник кој топи во Доломинитите во Италија the oldest [extant] snowshoe in the world", found in a melting glacier in the Dolomites in Italy, was dated to between 3800 and 3700 BCE. It was a crude frame snowshoe.

Користење на снегоодалките во Европа

Користење на снегоодалките во Евроазија пред контактот со Американскиот континент

Во 2016 година, „најстарата (пронајдена) снегоодалка во светот“, најдена во ледник кој топи во Доломитите во Италија, се претпоставува дека е од 3800 and 3700 година пр.н.е. Станува збор за снегоодалка со груба рамка.

„снегоодалките-скии“ направени од полно дрво, всушност кратки и широки верзии на традиционалните скии, се користеле во Евроазија. Тие биле направени од лесни дрва како бор. Тенките скии било попопуларни. И обата вида на скии и снегоодалки биле прекриени со крзно за да не лизгаат надолу при искачување нагоре по стрмнина.

Во северозападниот дел од Северна Америка во раниот XX век, Роалд Амундсен ги споредил Норвешките скии изработени од полно дрво кои ги користел со снегоодалките од меснот население кои ги користеле неговите придружници во патувањата; проценил дека во одредени услови скиите се побрзи, но и снегоодалките се побрзи во други.

По контактот со американскиот континент лево|мини|200x200пкс|Приказ на шведски патник од XVI век каде и коњон и човекот носат снегоодалки снегоодалките од северноамериканскиот вид биле приватени од Европејците за време на раниот колонијализам во на териториите кои подоцна станале Канада и Соединетите Држави. Француските трговски патници кои низ Северноамериканскиот континент превезувале и продавале крзно, започнале да патуваат низ терторијата на племето Кри, Хурон и Алгонквин во доцнииот XVII век за да ловат животни и тргуваат со добра. За да можат да патуваат ефикасно во теренот и климата, ги користеле алатките на домородното население, како снегоодалки и кануа.

Оксфордскиот речник изјавува дека зборот „snowshoe“ (снегоодалка) се користи кај англичаните уште од 1674 година. Во 1690 година, откако Француско-Индијанска ограбувачка група нападнала Британска населба близу денешен Скенектади, Њујорк, Британците зеле снегоодалки и ги бркале напаѓачите скоро 80 km, и на крајот си ги зеле назат и луѓето и добрата грабнати од страна на напаѓачите. снегоодалките станале популарни и во времето на Француско-индијанските војни, за време на траењето на т.н. Битка на снегоодалки, каде борците од обете страни носеле снегоодалки на снежната покривка која, според изјавите изнесувала 1,22 m.

снегоодалките во облик на „капка солза“ биле користени од страна на дрвосечачите и се долги околу 1,0 m и соодветно широки, додека снегоодалките на тргачите се долги над 1,5 m и доста тесни. Овој облик е стереотипна за снегоодалките, и наликува на тениски рекет, па од таму и францускиот назив за снегоодалка е raquette à neige (рекет за снег). Овој облик е копиран од страна на Канадските клубови за снегоодалки во доцниот XVIII век. Цел на нивното основање е воена обука, станале првите рекреативни корисници на снегоодалки.

Клубовите за снегоодалки како Монтреалскиот клуб за снегоодалки (1840 год.) ја скратиле снегоодалката во форма на капка на 100 cm во должина и 38 – 46 cm во широчина, малку завиткувајќи го предниот дел нагоре, а задниот дел завршува во еден вид опаш. Со ова тие направиле доста лесна снегоодалка за тркачки намени, но доста цврста за патување и лов. Опашот на снегоодалката ја чува права при чекорење. десно|мини|снегоодалки во облк на капка солза и облик на мечкина шепа во паркот Гатино мини|Комерцијално достапни снегоодалки со два зашилени врвови; се забележува грубата изработка. Друга варијанта, снегоодалката во облик на „мечкина шепа“, задниот дел е завиткан но не е шилест. Во минатото многу ентузијасти тешко се привикнувале на ова, бидејќи ваквие снегоодалки се пошироки во средината и доста незгодни и гломазни, имаат предност во тоа што лесно се пакуваат и не зафаќаат многу простор. Развиени се два облици на традиционалните снегоодалки во облик на мечкина шепа: иточната верзија е користена од луѓето кои собирале смола од оморика и се состои од овална рамка со дрвени пречки, а западната верзија се состои од заоблена триаголна рамка и без дрвени пречки.

Tрaдициoнaните снегоодалки се прават од една летва од цврсто дрво, најчесто од бел јасен (Fraxinus americana), закрвено во заоблена рамка и прицврстено на краевите а на средината притегнато со лесна дрвена пречка. Просторот во рамката е испреплетен од мрежа од кожа од ирвас исечена на тенки врвци, а оставен е само мал отвор зад пречката за предниот дел од од стапалото во мокасини. Ваквите снегоодалки се прицврстуваат за мокасините со помош на кожени ремени, некогаш со помош на токи. Ваквите снегоодалки и ден денес ги исработуваат и продаваат домородците во Америка.

Во споредба со модерните снегоодалки изработени од американските домородци, снегоодалките од дрво и кожа изработени во Европа имаат полабаа и поедноставна плетка, со пошироки кожени врвци, а со тоа и поевтини за изработка. Како и да е, ваките снегоодалки може да пропаѓаат повеќе во прашнест снег.

Модерни снегоодалки десно|мини|299x299пкс|Канадска двојка оди со снегоодалки во 1907 година десно|мини|200x200пкс|Одење со снегоодалки во Керава, Финска во месец Март 2011 година