Линдхорст () — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри североисточно од окружниот град Штатхаген и 35 километри источно од Минден.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија
Подрачјето на општината Линдхорст се наоѓа во рамките на историската област Дилвалд, источно од окружниот град Штатхаген и западно од Бад Нендорф, помеѓу Бикеберг на југ и Средногерманскиот Канал со градот Заксенхаген на север.
Линдхорст е поделен на Отензен, Шетлинген, Ајххефе и Тајле фон Ајхенбрух.
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на општинската заедница
Категорија:Шаумбург (округ)