Бромодомен е белковински домен од околу 110 аминокиселински остатоци, кој ги препознава ацетилираните лизински остатоци, како што се оние на N-терминалните опашки на хистоните. Бромодомените, како „читачи“ на лизинската ацетилација, се одговорни за пренос на сигналот кој го носат ацетилираните лизински остатоци и негово преведување во различни нормални или абнормални фенотипови. Нивниот афинитет е поголем за региони каде постојат повеќе места за ацетилација во близина. Ова препознавање често е предуслов за асоцијацијата помеѓу белковината и хистонот и ремоделирање на хроматинот. Овој домен има исклучиво-алфа белковински склоп, поточно сноп од четири алфа-завојницаа, од кои секој е одделен со петелка со варијабилна должина, кои формираат хидрофобен џеб кој го препознава ацетил лизинот.

Откритие Бромодоменот бил идентификуван како нов структурен мотив од Џон В. Тамкун и неговите колеги, кои го проучувале Brahma/brm генот на Drosophila и покажале сличност во низата со гените вклучени во транскрипционата активација. Името „бромодомен“ е изведен од името на генот Brahma, а не е поврзано со хемискиот елемент бром.

Белковини кои содржат бромодомен Белковините кои содржат бромодомен можат да имаат широк спектар на функции, од хистонска ацетилтрансферазна активност и хроматинско ремоделирање до посредство во транскрипцијата и коактивација. Од 43 познати белковини кои содржат бромодомен во 2015 година, 11 имаат два бромодомена, а еден има 6 бромодомена. Подготовката, биохемиската анализа и структурното определување на белковините кои содржат бромодомени се детално опишани.

Фамилија на бромодомен и екстратерминален домен (BET) Еден добро познат пример за фамилија на бромодомени е фамилијата BET (од анг. Bromodomain and extraterminal domain). Членови на оваа фамилија се BRD2, BRD3, BRD4 и BRDT.

Други Сепак, белковините како ASH1L, исто така, содржат бромодомен. Дисфункцијата на BRD белковините е поврзана со болести како што се карцином на сквамозни клетки и други форми на рак. Хистонските ацетилтрансферази, вклучувајќи ги EP300 и PCAF, покрај ацетил-трансферазни домени имаат и бромодомени.

Не се сметаат за дел од BET фамилијата (но сепак содржат бромодомен) се BRD7 и BRD9.

Поврзано

Хромодомен BET инхибитор BRD2 BRD3 BRD4 BRD7 BRD9 BRDT

Наводи

Категорија:Белковински домени Категорија:Белковини