Кристина „Кија” Коцкар (Зрењанин, 26 мај 1989) српска пејачка, писателка и јавна личност. Бивша стјуардеса и победничка на првата сезона на ријалити програмата Задруга која се емитувала на РТВ Пинк.

Животопис Кристина Коцкар е родена на 26 мај 1989 година во Зрењанин, каде пораснала. Учела во Зрењанинската гимназија, после која завршила Висока хотелиерска школа во Белград. Работела како стјуардеса во Ер Пинк, Ер Србија и Етихад ервејз. Станала позната после што влегла во ријалити програмата Задруга, каде нејзиниот сопруг, пејачот Слободан Радановиќ јавно ја варал со Луна Ѓогани. На 20 јуни 2018 година победила во ријалити програмата и освоила награда од 50.000 евра.

Кристина одлучила да почне да се занимава со музика, па нејзината прва песма Не се враќам на старо ја направила со Министарки и ја објавила на 20 јули 2018 година.UPLOVILA U MUZIČKE VODE: Kija svoju prvu pesmu posvećuje Slobi, a naziv će vas ostaviti bez teksta! Својата следна песна Поптис ја објавила на 6 септември 2018 година.

Книгата Мој потпис, во која ги опишува мачните сцени од детството, караниците на нејзините родители, насилството во семејството, тајните во бракот со Слободан Радановиќ, како и болеста за која се надева дека на време ја открила, ја објавила на 22 октомври 2018 година. Кон крајот на октомври 2018 година, Кристина станала стручен член на жирито во петтата сезона на натпреварот Пинкови ѕвездички (All Stars) на кој учествувале некои од натпреварувачите од претходните четири сезони.

Дискографија Синглови Не се враќам на старо (дует со Министарки) (2018) Потпис (2018) Аморова стрела (2019) Златан (2019)

Наводи

Надворешни врски

Кристина Коцкар на Deezer

Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Луѓе од Зрењанин Категорија:Српски пејачи