Северниот Андамански Остров е северен остров на Големата Андаманска островска група од Андаманските Острови. Тој ѝ припаѓа на административната зона на Северниот и Средниот Андамански Остров и е дел од индиската територија на Андаманските и Никобарските Острови. Островот се наоѓа на 137 км оддалеченост од Порт Блер.

Географија Островот ѝ припаѓа на Големата Андаманска островска група и се наоѓа северно од Средниот Андамански Остров. Околу него се наоѓаат многу мали островчиња. Главен град на островот е Диглипур.

Островот порано бил населен од домородното население Големи Андаманци, кои денес повеќе ги нема, така да денешното население се мигранти од Индија и нивните потомци.

На овој остров се наоѓа највисокиот врв на целиот Андамански Архипелаг, Седл пик, со 731 метри надморска височина.

Северниот Андамански Остров често е погодуван од силни земјотреси, а во 2004 година тој беше поплавен од цунамито предизвикано од земјотресот во Индискиот Океан.

Администрација Островот е под административно управување од Диглипур.

Сообраќај Постои мало пристаниште кај Дургапур, кое е шест километри северно од главниот град Диглипур, а има редовна линија од Порт Блер.

Економија Северниот Андамански Остров е познат по морскиот екосистем, а на островот главното стопанство е одгледувањето на ориз и портокали.

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Геолошко истражување на Индија (англиски)

Категорија:Андамани и Никобари Категорија:Андаманско Море Категорија:Архипелази во Индискиот Океан