алт=Изабела Григориевна Башмакова (1921-2005)|мини|Изабела Григориевна Башмакова (1921-2005) Изабела Григориевна Башмакова (, 1921-2005) била руски историчар на математиката.

Образование и кариера

Башмакова е родена на 3 јануари 1921 година во Ростов на Дон, во семејство со ерменско потекло. Нејзиниот татко, Григориј Георгиевич Башмаков, бил адвокат. Нејзиното семејство се преселило во Москва во 1932 година. Започнала со студии на Факултетот за механика и математика при Државниот универзитет во Москва во 1938 година, но била евакуирана од Москва за време на Втората светска војна, при што работела како медицинска сестра во Самарканд... Докторирала во 1948 година, под надзор на Софија Јановскаја.

Таа продолжила да работи во Московска Област како асистент професор, а во 1949 година била промовирана во придружен професор. Во 1950 година нејзиниот сопруг, математичарот Андреј И. Лапин, бил уапсен, поради своето противење на движењето на Трофим Лисенко (Лисенкоизам), но делумно поради напорите на Башмакова, тој повторно бил ослободен во 1952 година.. Башмакова го завршила својот докторат во 1961 година и станала редовен професор во 1968 година.

Таа се пензионирала и станала доцент (пензиониран професор-ветеран) во 1999 година, а починала на 17 јули 2005 година, на одмор во Звенигород..

Придонеси

Дисертација на Башмакова се однесувала на историјата на дефинициите на целите и рационалните броеви, од Евклид и Евдоксус до Золотарев, Дедекинд и Кронекер.

Нејзините подоцнежни истражувачки придонеси вклучуваат споредба на алатките што ги користел Диофант за да ја реши Диофантовата равенка, наспроти повеќето современи методи; следејќи ја мисловната линија предложена од Јакоби, таа сугерирала дека методите на Диофант биле пософистицирани отколку што претходно се мислело, но дека нивната софистицираност била скриена од акцентот на конкретни случаи, во пишувањето на Диофан. Таа користела комплексни броеви за повторно да ги толкува геометриските трансформации проучени од Франсоа Виет. Таа исто така ја проучувала историјата на алгебарски кривини и ги превела делата на Фермат на руски јазик..

Признанија

Во 1986 година, Меѓународниот конгрес на математичари првично објавил список на говорници, во која не биле вклучени жени. По протестите, Извршниот комитет на конгресот поканил шест жени за да зборуваат на конгресот. Башмакова била една од тие шест жени; таа не можела да отпатува на конгресот, но нејзиниот документ се појавил во списокот на дела.. See in particular p. 122.

Меѓународната академија за историја на науката во 1966 година ја избрала како членка, а како полноправна членка во 1971 година. Добитничка е на почесни дипломи во 1971, 1976 и 1980 година. Во 2001 година, Меѓународната академија за историја на науката ја наградила со медал на Александер Којре. Во 2011 година, конференција на Руската Академија на Науките, била посветена во нејзина чест..

Наводи

Категорија:Родени во 1921 година Категорија:Починати во 2005 година Категорија:Руски математичари Категорија:Математичарки Категорија:Историчари на математиката Категорија:Руси со ерменско потекло Категорија:Научнички Категорија:Апсолвенти на Московскиот државен универзитет