Одри Хепберн (; 4 мај 1929 — 20 јануари 1993) — англиска глумица со белгиско потекло, добитничка на наградата „Оскар“, изведувачка на Бродвеј, балерина, манекенка и хуманитарка.

Израсната во Арнем, Холандија за време на нацистичката окупација врз оваа земја во текот на Втора светска војна, напорно тренирала балет пред сосема да се посвети на глумецството. Најпрво била забележана како Жижи во истоимената театарска претстава на Бродвеј од 1951 година. Филмското деби го имала како Принцезата Ен во Празник во Рим од 1953 година, улога за која го добила својот единствен „Оскар“. Таа била една од најпознатите глумици во Холивуд во текот на 1950-тите и 1960-тите, период во кој уште четири пати била номинирана за „Оскар“. Меѓу номинациите, особено се истакнува нејзината антологиска изведба на Холи Голајтли (Holly Golightly) во филмот Појадок кај Тифани од 1961 година. Во 1964 година, Хепберн ја играла Елајза Дулитл (Eliza Doolittle) во филмот Мојата убава дама, кој претставува адаптација на Шоовата драма Пигмалион.

Од 1988 до нејзината смрт во 1993 година, Одри Хепберн биал Амбасадор на Добрата Волја при УНИЦЕФ и била наградена со Претседателскиот Медал на Слободата (највисокото признание што може да го добие еден граѓанин на САД) во чест на нејзината хуманитарна работа. Во 1999 година, таа била прогласена за третата најголема глумица на сите времиња, според Американскиот филмски институт во нивниотсписок АФИ 100 години... 100 ѕвезди.

Животопис

Детство: Животот за време на Втора светска војна

Родена е како Одри Кетлин Растон Копија од изводот на Одри Хепберн (Audrey Kathleen Ruston) во Брисел и е единствено дете на Џозеф Виктор Ентони Растон (Joseph Victor Anthony Ruston), ирски банкар и неговата втора сопруга - бароницата Ела фан Хемстра (Ella van Heemstra), припадничка на холандската аристократија и ќерка на поранешен гувернер на Холандска Гвајана. Подоцна, таткото на Одри го додал и презимето на нејзината баба Кетлин Хепберн, па така Одри имала двојно презиме Хепберн-Растон. Одри имала двајца полубраќа - Александер (Jonkheer Arnoud Robert Alexander "Alex" Quarles van Ufford) и Јан Кварл фан Уфорд (Jonkheer Ian Edgar Bruce Quarles van Ufford), од првиот брак на мајка ѝ со холандски благородник. Таа е потомок на англискиот крал Едвард III.Мет Кренсон (Crenson, Matt). Сите имаат кралски корени, Live Science, 1 јули 2006 и ерлот Џејмс Хепберн (James Hepburn, 4th Earl of Bothwell), линија од која потекло води и Кетрин Хепберн.Демион Метјус (Matthews, Damion) Хепберн против Хепберн , Salon.com, 6 октомври 1999.

Бидејќи татко ѝ на Одри работел во британска осигурителна компанија, семејството многу често патувало во Англија и Холандија. Од 1935 до 1938 година, Хепберн посетувала приватна академија за девојки во Кент. Во 1935 година, нејзините родители се развеле и нејзиниот татко, кој бил симпатизер на фашизмот го напуштил семејството. Подоцна, Одри се сеќавала на овој момент како на најтрауматичен во целиот нејзин живот. Многу години подоцна, таа го пронашла својот татко преку Црвениот крст, останала со него во контакт и го издржувала финансиски до неговата смрт.Едвард Клајн (Klein, Edward). 'Не можеш да љубиш без да се плашиш дека ќе го изгубиш она што го љубиш', Parade, 5 март 1989 Во 1939 година, нејзината мајка се преселила заедно со Одри и нејзините двајца полубраќа во домот на нивниот дедо во Арнем, Холандија, верувајќи дека Холандија нема да биде нападната од Германија. Хепберн учела на Арнемскиот конерваториум од 1939 до 1945 година, каде учела музика и балет, паралелно со нејзините стандардни училишни предмети. На 9 мај 1940 година, еден ден пред германската инвазија на Холандија, Хепберн учествувала во балетска претстава на балетската трупа на Седлер Велс.Марија Саревска-Тодоровска, „Во виорот на креативноста“, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 69.

Во 1940 година, нацистите го окупирале Арнем. Во текот на војната, Хепберн го присвоила псевдонимот Еда фан Хемстра (Edda van Heemstra) менувајќи ги документите на мајка ѝ, бидејќи се сметало опасно да се има име што звучело англиски. Сепак, тоа никогаш не било нејзино законско име. До 1944 година, Хепберн веќе била искусна и многу вешта балерина. На 8 јануари 1944 година, нејзиното училиште одржало претстава во градската сала „Шоубург (Schouwburg)“. Исто така, таа тајно танцувала за различни групи луѓе, со цел да собере средства за движењето на отпорот. Подоцна, таа изјавила: „Најдобрата публика што ја имав, не аплаудираше на крајот на мојата претстава.“Одри Хепберн, Coronet, јануари 1955 Исто така, за време на германската окупација, таа била курир на движењето на отпорот, пренесувајќи летоци, скриени во чорапите и чевлите.

По десантот на сојузниците во Нормандија, работите станале уште полоши под германската окупација и Одри имала многу тежок живот. За време на гладот во Холандија во зимата 1944 година, Германците ја конфискувале и онака малата количина храна што ја имале Холанѓаните.. Арнем бил речиси потполно разрушен како последица од бомбардирањето на сојузничките сили, како дел од операцијата Маркет-Гарден. Чичкото на Одри и еден братучед на нејзината мајка биле стрелани пред неа, откако било откриено дека се членови на Отпорот. Нејзиниот полубрат Јан фан Уфорд поминал одреден период во германски концентрационен логор. Страдајќи од недоволна исхранетост, Хепберн развила акутна анемија, проблеми со душевните патишта, и едема - болест што предизвикува отекување на екстремитетите.Лесли Гарнер (Lesley Garner) ја сретнува легендарната глумица пред подготовката за гала-ревијата на Уницеф , The Sunday Telegraph, 26 мај 1991

Во 1991, Хепберн ќе изјави: „Имам спомени. Повеќе од еднаш бев на станицата и гледав како се движат возовите полни со Евреи, набљудувајќи ги нивните глави на врвот на вагонот. Се сеќавам, многу јасно, едно малечко дете стоеше со своите родители на платформата и беше многу бледо, русокосо и носеше палто што беше очигледно многу големо за него и се качи на вагонот. Јас бев дете што гледаше дете.“во оригинал: "I have memories. More than once I was at the station seeing trainloads of Jews being transported, seeing all these faces over the top of the wagon. I remember, very sharply, one little boy standing with his parents on the platform, very pale, very blond, wearing a coat that was much too big for him, and he stepped on to the train. I was a child observing a child."

Во 1946 година, од еден пријател го добила „Дневникот на Ана Франк“. Во таа смисла, Хепберн ја посочувала сличноста со Ана Франк, изјавувајќи: „Бев на потполно иста возраст како и Ана Франк. И двете имавме десет години кога изби војанта и 15 кога заврши. Книгата ми беше дадена на холандски во 1946 година од страна на еден пријател. Ја прочитав... и ме уништи. Таа го прави истото и со многу други луѓе кои ја читаат за првпат, но јас не ја читав како книга, како испечатени страници. Ова беше мојот живот. Не знаев што ќе читав. Никогаш повеќе не бев иста, толку многу влијаеше врз мене.

Гледавме одмазда. Гледавме млади луѓе притиснати до ѕидот и стрелани и тогаш ќе ја затвореа улицата и потоа ја отвораа и можеше повторно да се помине. Ако го читаш дневникот, обележав едно место каде таа вели: Пет заложници се стрелани денес. Тоа беше денот кога го убија мојот чичко. И во зборовите на ова дете, јас го читав она што беше во мене и она што уште е таму. Тоа беше катарза за мене. Ова дете заклучено меѓу четири ѕида имаше напишано цел извештај за сѐ она што јас искусив и почувствував.“ во оригинал: „I was exactly the same age as Anne Frank. We were both 10 when war broke out and 15 when the war finished. I was given the book in Dutch, in galley form, in 1946 by a friend. I read it . . . and it destroyed me. It does this to many people when they first read it but I was not reading it as a book, as printed pages. This was my life. I didn't know what I was going to read. I've never been the same again, it affected me so deeply.

We saw reprisals. We saw young men put against the wall and shot and they'd close the street and then open it and you could pass by again. If you read the diary, I've marked one place where she says, 'Five hostages shot today'. That was the day my uncle was shot. And in this child's words I was reading about what was inside me and is still there. It was a catharsis for me. This child who was locked up in four walls had written a full report of everything I'd experienced and felt.“

Но сепак, не ѝ било целото детство лошо. Повторно, влечејќи паралела од нејзиниот кон животот на Ана Франк, Одри изјавила: „Духот на преживувањето е толку силен во зборовите на Ана Франк. Еден момент вели: Толку сум разочарана, а веќе следниот копнее да вози велосипед. Таа е дефинитивно симбол на детето во многу тешки мигови, она на кое го посветив моето време. Таа ја надживеа својата смрт.“ во оригинал: „This spirit of survival is so strong in Anne Frank's words. One minute she says, 'I'm so depressed.' The next she is longing to ride a bicycle. She is certainly a symbol of the child in very difficult circumstances, which is what I devote all my time to. She transcends her death.“ Еден од начините на кои Хепберн го минувала слободното време била цртањето. Дел од нејзините слики од детството, денес се јавно достапни.Цртежите на Одри Хепберн.

Кога Холандија била ослободена, пристигнале камионите на Обединетите Нации. Во едно интервју, Хепберн изјавила дека еднаш изела цела конзерва со кондензирано млеко и потоа ѝ се слошило, поради поголемо количество шеќер.Џесика Сајгел (Seigel, Jessica). Одри Хепберн е на ред , The Chicago Tribune, 20 јануари 1992 Ова искуство, веројатно било причина таа да стане дел од УНИЦЕФ во подоцнежниот дел од нејзиниот живот..

Рана кариера thumb|200px|left|Одри Хепберн на аудицијата за Празник во Рим, сцена која ќе биде употребена и во подоцнежниот филмски трејлер‎

Во 1945 година, по завршувањето на војната, Одри Хепберн го напуштила Арнемскиот конзерваториум и се преселила во Амстердам каде учела кај Соња Гаскел (Sonia Gaskell). Во 1948 година, Хепберн отишла во Лондон, каде посетувала часови кај познатата Мери Рамбер (Marie Rambert), учителка на Васлав Нижински (Vaslav Nijinsky), еден од најголемите танчери во историјата. По некое време, Рамбер ја посоветувала Одри дека висината (170 сантиметри) и последиците од неисхранетоста за време на војната ќе ја спречат да стане примабалерина. Затоа, Хепберн се откажала од балетот и се посветила на глумата.Марија Саревска-Тодоровска, „Во виорот на креативноста“, ТЕА Модерна, број 689, година XIV, среда, 18 декември 2013, стр. 70.Синот на Одри Хепберн се потсетува на својата мајка Откако Хепберн станала позната ѕвезда, Мери Рамбер рекла во едно интервју: „Таа беше прекрасен ученик. Ако се одлучеше да продолжи, ќе станеше величествена балерина“.Принцеза, очигледно, TIME, 7 септември 1953 За несреќа, мајката на Одри била приморана да работи како слугинка за да го издржува своето семејство, па Одри морала да најде работа што ќе се плаќа. Бидејќи цел живот вежбала да биде изведувач, глумечката кариера изгледала како разумно решение. Во поглед на тоа, еднаш, таа изјавила: „Ми требаа пари; тука се плаќаше ₤3 повеќе отколку на балет“.Марк Николс (Nichols, Mark) Одри Хепберн се враќа во барот, Coronet, ноември 1956