Војќех Витолд Јарузелски () (6 јули 1923 - 25 мај 2014) — полски воен офицер и политичар. Тој бил прв секретар на полската Обединета работничка партија од 1981 до 1989 година, и како таков бил последниот водач на Народна Република Полска. Исто така бил премиер од 1981 до 1985 година и шеф на државата од 1985 до 1990 година (насловен како претседател на Државниот совет од 1985 до 1989 година и како претседател од 1989 до 1990 година). Војќех Јарузелски исто така бил последниот командант на Полската народна армија (ЛВП). Поднел оставка по Полскиот договор на тркалезната маса во 1989 година, што довело до демократски избори во Полска, со што е окончан и симнат комунистичкиот режим во Полска.
Категорија:Полски политичари Категорија:Претседатели на Полска Категорија:Заповедници на Легијата на честа Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа