Кисел Вир — археолошко наоѓалиште во скопското Арачиново, во истоимената општина. Претставува населба од неолитско време. Сместена е во крајниот југоисточен покраничен дел на селскиот атар, на 3 км североисточно од селото. На десната страна од стариот пат Скопје-Куманово се издига блага височинка која постепено се спушта кон север образувајќи тумба. Веднаш до изворот на кисела вода, во нивите на ЗИГ „Скопско Поле“ се среќаваат фрагменти од керамички садови и делови од куќен лепеж.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Список на археолошки наоѓалишта во Скопско

Наводи