Нидернверен () — општина во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 5 километри северозападно од окружниот град Штатхаген и 17 километри североисточно од Минден.

Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.

Географија

Нидерверен се наоѓа околу 3 километри северозападно од окружниот град Штатхаген на работ од Шаумбуршката Шума. Во северниот дел се протега Средногерманскиот Канал. Долж границата со соседната општина Нордзел се протега потокот Реке.

Освен главното место, кон општината припаѓаат местата Хорстхефе, Ландвер, Мителбринк, Вихаген и Вулфхаген.

Соседни општини се општините Полхаген, Нордзел, Мербек и Видензал.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шаумбург (округ)