Вуелта а Еспања 2018 (познато и како: Трка околу Шпанија 2018) — 73. издание на велосипедската голема трка Вуелта а Еспања, која се одржала помеѓу 25 август и 16 септември како завршна голема трка во сезоната на Светската турнеја. Трката започнала во Малага, а завршила во Мадрид.

Трката била освоена од британскиот возач Сајмон Јејтс за негова прва победа на некоја голема трка и прв победа на некоја голема трка за неговата австралиска екипа . Тоа било втора последователна Вуелта и петта последователна голема трка, која била освоена од британски возач и била заокружена годината на победи на големите трки од тројца различни возачи од иста држава, со победата на Крис Фрум на Џиро д’Италија и победата на Герајнт Томас на Тур де Франс.

Екипи

Изданието на Вуелта а Еспања во 2018 година било составено од 22 екипи. Сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.

Фаворити пред трката

Првакот од 2017 година, Крис Фрум од одлучил да не ја брани титулата откако возел на четири големи трки по ред, освојувајќи три од нив. Четворица други поранешни победници настапиле на трката: Наиро Кинтана, Алехандро Валверде (обајцата од ), Винченцо Нибали () и Фабио Ару (). Други возачи сметани за кандидати во генералниот пласман биле Ричи Порт (), Сајмон Јејтс (), Мигел Анхел Лопес (), Михал Квјатковски (), Вилко Келдерман (), Стевен Краусвајк (), Тибо Пино () и Ригоберто Уран ().

Рута и етапи

Преглед на трката

Пласмани

Постоеле четири главни пласмани на Вуелта а Еспања 2018, меѓу кои најважен бил генералниот пласман. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа, вклучувајќи ги и добиените временски бонуси. Велосипедистот со најмало вкупно време бил предводник на трката, препознаван преку црвената маичка; победникот на овој пласман бил сметан за победник на Вуелта.

Дополнително, постоел бодовен пласман, каде се доделувала зелена маичка. Во бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат меѓу најдобрите на етапите или на средните спринтови. Велосипедистот со најмногу бодови го предводел пласманот и бил препознаван со зелената маичка.

+ Бодови за планинскиот пласман Категорија 1. 2. 3. 4. 5. 6. Чима Алберто Фернандес 20 15 10 6 4 2 Специјална категорија 15 10 6 4 2 Прва категорија 10 6 4 2 1 Втора категорија 5 3 1 Трета категорија 3 2 1

Постоел, исто така, и планински пласман. Организаторите категоризирале некои искачувања како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија; бодовите за овој пласман биле освојувани од првите велосипедисти на врвот на некое искачување, каде повеќе бодови биле достапни за повисоко категоризираните искачувања. Велосипедистот со најмногу бодови водел во пласманот и бил препознаван од сината точкеста маичка.

Четвртиот поединечен пласман бил комбинираниот пласман, во кој се доделувала белата маичка. Овој пласман бил сметан преку додавање на местата на секој велосипедист во генералниот, бодовниот и планинскиот пласман — возачот морал да има резултат во сите пласмани за да може да учествува во овој пласман — велосипедистот со најмал вкупен збир бил победник на пласманот.

За екипниот пласман биле собирани времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа по секоја етапа; водечката екипа била екипата со најмало вкупно време.

Дополнително постоеле и две поединечни награди: наградата за борбеност и наградата за млад возач. Наградата за борбеност била доделувана по секоја етапа на возач кој се сметал за најборбен, најхрабар во текот на една етапа, исклучувајќи ги хронометрите. Победникот го носел зелениот број на следната етапа. На последниот ден на трката, судиите одлучувале за тројца најборбени возачи во текот на целата трка, а јавноста го избирала победникот. Наградата за млад возач се сметала на истиот начин како и генералниот пласман, но само за возачите родена на или по 1 јануари 1993 година. Предводникот го носел црвениот број.

+Водство во пласманите по етапа Етапа Победник Генерален пласман Бодовен пласман Планински пласман Комбиниран пласман Екипен пласман Награда за борбеност Награда за млад возач 1 Роан Денис Роан Денис Роан Денис недоделена Роан Денис недоделена Бенжамен Тома 2 Алехандро Валверде Михал Квјатковски Михал Квјатковски Луис Анхел Мате Михал Квјатковски Луис Анхел Мате Лауренс де Плус 3 Елија Вивијани Жорди Симон 4 Бен Кинг Луис Анхел Мате Енрик Мас 5 Сајмон Кларк Руди Молар Алехандро Валверде Бауке Молема 6 Насер Бухани Михал Квјатковски Хорхе Куберо 7 Тони Галопен Алехандро Валверде Алехандро Валверде Алекс Аранбуру 8 Алехандро Валверде Хорхе Куберо 9 Бен Кинг Сајмон Јејтс Љуис Мас Мигел Анхел Лопес 10 Елија Вивијани Петер Саган Хесус Ескера 11Алесандро Де Марки Алехандро Валверде Бауке Молема 12 Александар Жење Хесус Ерада Томас де Гент 13 Оскар Родригес Горка Изагире 14 Сајмон Јејтс Сајмон Јејтс Михал Квјатковски 15 Тибо Пино Бауке Молема 16 Роан Денис недоделена Енрик Мас 17 Мајкл Вудс Томас де Гент Омар Фраиле 18 Јеле Валајс Јетсе Бол 19 Тибо Пино Сајмон Јејтс Џонатан Кастровјехо 20 Енрик Мас Хесус Ерада 21 Елија Вивијанинедоделена На крајСајмон ЈејтсАлехандро ВалвердеТомас де ГентСајмон ЈејтсБауке МолемаЕнрик Мас

Завршни пласмани

Легенда Го означува предводникот на генералниот пласман Го означува предводникот на бодовниот пласман Го означува предводникот на планинскиот пласман Го означува предводникот на комбинираниот пласман 20п Го означува предводникот на наградата за борбеност 20п Го означува предводникот на наградата за млад возач

Генерален пласман

+ Краен генерален пласман (1–10) Место Возач Екипа Време 1 82ч 05' 58" 2 + 1' 46" 3 + 2' 04" 4 + 2' 54" 5 + 4' 28" 6 + 5' 57" 7 + 6' 07"8 + 6' 51" 9 + 11' 09" 10 + 11' 11"

Бодовен пласман

+ Краен бодовен пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 131 2 119 3 105 4 104 5 103 6 95 7 93 8 80 9 80 10 76

Планински пласман

+ Краен планински пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 95 2 83 3 64 4 56 5 45 6 38 7 36 8 31 9 21 10 20

Комбиниран пласман

+ Краен комбиниран пласман (1–10) Место Возач Екипа Бодови 1 11 2 13 3 184 19 5 24 6 29 7 41 8 45 9 47 10 47

Екипен пласман

+ Краен екипен пласман (1–10) Место Екипа Време 1 2 + 45' 36" 3 + 47' 57" 4 + 48' 10" 5 + 58' 49" 6 + 1ч 27' 43" 7 + 1ч 31' 01" 8 + 1ч 37' 13" 9 + 1ч 47' 43" 10 + 1ч 47' 50"

Забелешки и наводи Белешки

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Андора во 2018 година Категорија:Шпанија во 2018 година Категорија:Светска турнеја на UCI 2018 2018