Обернкирхен () — град во округот Шаумбург, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа околу 8 километри југозападно од окружниот град Штатхаген и 15 километри источно од Минден.

Обернкирхен е мал град во позадина на ридскиот масив Бикеберг. Се протега на територија на старата грофовија Шаумбург Липе. Градот Бикебург се наоѓа во непосредна близина.

Географија Местоположба

Обернкирхен се наоѓа на сојузниот автопат Б65 помеѓу Бикебург и Штатхаген.

Пошумениот ридски масив Бикеберг (367 метри н.в.) зазема голем дел од градското подрачје.

Соседни општини

Градот се граничи со општината Нинштет, градот Штатхаген, општините Ауетал, Буххолц, Хесен, Бад Ајлзен и Анзен, градот Бикебург, како и општините Зегебрух и Хелпзен.

Градски единици

Кон градот Обернкирхен припаѓаат следниве четири места:

Место Жители Гелдорф 830 Крајнхаген 1200 Реркастен 290 Фелен 1230

Меѓународни односи

Збратимени градови

Обернкирхен е збратимен со следниве градови:

Ла Флеш, Франција (од 1968 г.) Пасвалис, Литванија (од 2008 г.)

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Шаумбург (округ) Категорија:Хесен-Насау