Саат-кула — саат-кула односно поранешно времемерно здание во градот Кочани. Прогласена е за културно наследство на Македонија.
Саат-кулата се наоѓа левата страна на Кочанска Река, во непосредна близина на училиштето Основното училиште „Раде Кратовче“ и порано служела за звучно означување на часовите.
Историја На 13 август 1957 година, Републичкиот завод за заштита на споменици ги ставил под заштита со Закон, саат-кулата и другата западна кула. На 22 јануари 2016 година, кулите добиле статус на значајно културно наследство.
Во ноември 2014 година, Општина Кочани, по втор пат, барала 90,000 евра за обнова на кулата.
Таа сè уште не е обновена и се наоѓа во лоша состојба и во моментов таа нема никаква намена.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Саат-кула Кочани
Категорија:Знаменитости во Кочани Кочани