Заноне е остров во Тиренското Море во близина на западниот брег на Италија и е дел од Понцијанските Острови кој административно припаѓа во општината Понца. Целиот остров е 1 км2 во големина и на околу 10 километри оддалеченост од островот Понца.https://edition.cnn.com/travel/article/italy-zannone-orgy-isle/index.html
Опис Тоа е дел од Националниот парк Чирчео поради својата убавина и неколку ретки биоми. Островот е пуст, но надгледуван од страна на Шумска служба, со станица и мала образовна изложба на врвот Монте Пелегрино, највисоката точка на островот. На островот постојат урнатини на еден бенедиктински манастир кој датира од 13 век. Изградена врз овој поранешен манастир постои и една вила во колонијален стил, порано дом на маркизот Казати Стампа и неговата сопруга Ана Фаларино, кои биле домаќини за оргии на островот. За посета на островот не треба посебна дозвола, но Заноне нема туристички капацитети и кампувањето и забрането, како и преноќувањето на островотItalyprestige.com , иако биолози, научници и набљудувачи на птици имаат добиено дозволи за кампување, во тек на ноќта на островот.
Достапност Заноне е достапен само со брод од Понца. Поранешни рибари нудат денски патувања, вклучувајќи ручек на брод, кој тргнува од пристаништето во Понца во 11 часот наутро и го напушта Заноне за враќање во Понца во 5 часот
Островот бил користен како приватен ловечки резерват од италијанската аристократија. Стотици муфлонски диви овци биле донесени на Заноне. Овците се сега заштитени видови.
Светилникот Пунта Варо На островот има светилник наречен Пунта Варо. центар|мини|436x436пкс|Заноне
Поврзано
Список на острови во Италија
Наводи
Надворешни врски
Националниот парк Чирчео
Фотографии
Категорија:Тиренско Море Категорија:Острови во Средоземното Море Категорија:Ненаселени острови Категорија:Острови во Италија