Марија Чудновски (родена на година) е израелско-американска математичарка, која работи на теоријата на графици и комбинаторната оптимизација. Таа е МекАртур соработник за 2012 година.

Животопис Чудновски е професорка, на одделот за математика на Принстон универзитетот. Таа пораснала во Русија (го посетувала Санкт Петербург Лицеум 30) и Израел, студирала на Технион, докторирала во 2003 година на Принстон универзитетот, под надзор на Пол Сејмур. По постдокторско истражување на математичкиот институтот Клеј,. станала асистент професор на Принстон универзитетот во 2005 година, а во 2006 година се преселила на Колумбија универзитетот. До 2014 година, таа била Лиу Фемили професор по индустриско инженерство и операциски истражувања во Колумбија. Таа се враќа во Принстон како професор по математика во 2015 година.

Таа е државјанин на Израел и постојан резидент на САД.

Во 2012 година, таа се омажила за Дениел Панер, свирач на виола, кој предавал на Манес училиштето за музика и Џулијард училиштето. Имаат син кој се вика Рафаел.

Истражување

Придонесите на Чудновски во теоријата на графици го вклучуваат доказот за моќната совршена теорема на графиците (со Робертсон, Сејмур и Томас), кој ја опишува карактеристичната природа на совршените графици, како да се точно графици без непарни индуцирани циклуси со должина од најмалку 5 или нивните комплементи.... Други истражувачки придонеси на Чудновски вклучуваат соавторство на првиот полиномски временски алгоритам за препознавање на совршените графици (степен 9), како и структурната карактеризација на графиците без канџи.

Одбрани публикации

. . .

Награди и признанија Во 2004 година Чудновски била прогласен за една од "Брилијантните 10" од страна на магазинот Популарна наука. За нејзината работа на моќната совршена теорема на графиците, на неа и на нејзините соавтори, и ја донело Фулкерсон наградата за 2009 година.. Во 2012 година била наградена со "наградата гениј" во рамките на програмата МекАртур соработници.Maria Chudnovsky, MacArthur Foundation, October 2, 2012.

Наводи

Надворешни врски

Chudnovsky's home page at Princeton University

Категорија:Теоретичари на графици Категорија:Израелски математичари Категорија:Математичарки Категорија:Апсолвенти на Принстонскиот универзитет