Тур Даун Андер 2019 — 21. издание на велосипедската етапна трка Тур Даун Андер, која се одржала помеѓу 15 и 20 јануари како прв настан во сезоната на Светската турнеја.

По првпат во историјата на трката, минатогодишен победник успеал да ја одбрани својата титула, како што успеал возачот на , Дарил Импи од Јужна Африка, кој ја освоил трката последниот ден. Импи доцнел зад Новозеланѓанецот Патрик Бевин () седум секунди на етапата, но Бевин изгубил скоро шест минути поради здобиените повреди од падот претходниот ден. Иако Импи завршил трет на етапата зад Австралиецот Ричи Порт од – кој ја освоил етапата на Вилунга шеста година по ред – и возачот на , Ваут Пулс од Холандија, Импи го освоил генералниот пласман и водечката маичка со тринаесет секунди од Порт, додека Пулс доцнел уште четири секунди (поради бонус секунди на целта) за трето место.

И покрај тоа што не ја освоил трката, Бевин ја освоил сината маичка за спринтерскиот пласман. Во другите пласмани на трката, возачот на УниСА-Австралија, Џејсон Леа го предводел планинскиот пласман од почетокот до крајот, додека Крис Хамилтон, исто така од Австралија, ја освоил белата маичка во пласманот за млад возач за , завршувајќи на шестото место на крајот, откако маичката го менувала предводникот секој ден на трката. Екипниот пласман го освоиле , кои воделе во пласманот од почетокот, остварувајќи една етапна победа – победа на Јаспер Филипсен, кој го имал својот прв настап со екипата.

Екипи

Бидејќи Тур Даун Андер е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката. Екипата на Универзитетот на Јужна Австралија добила специјална покана за учество на трката и со тоа била заокружена главната група од 19 екипи. Секоја екипа имала право на седум возачи, со што имало вкупно 133 учесници.

Помеѓу учесниците имало шестмина претходни победници, двајца од нив – Камерон Мајер и бранителот на титулата Дарил Импи – настапувале за екипата . Други претходни победници биле: Луис Леон Санчес (), возачот на , Роан Денис, Том-Јелте Слагтер од и возачот на , Ричи Порт.

Покрај Мајер и Импи, во бил Метју Хејман, кој објавил во септември 2018 година дека ќе се повлече од професионалните трки по Тур Даун Андер 2019.

Рута

Рутата за Тур Даун Андер 2019 била објавена на почетокот на август 2018 година и била сконцентрирана околу градот Аделаида во Јужна Австралија. Имало шест друмски етапи, без хронометри, а трката ќе заврши со искачување на Вилунга по првпат. Два дена пред почетокот на трката, имало критериум, Пиплс Чојс Класик, кој се одржал во паркот Римил и бил наменет за спринтерите. Бил освоен од Кејлеб Јуан () во спринтерска завршница.

По Пиплс Чојс Класик било објавено дека втората етапа ќе биде скратена поради најавените високи температури. Првично најавена за 149 километри, етапата била скратена на 122,1 километар; дел од рутата помеѓу Маунт Плисант и Спрингтон преку Вилијамстаун била пренасочена. Следното утро била направена за завршницата на воведната етапа во Порт Аделаида, откако завршниот круг од 3,4 километри бил отстранет поради најавениот силен ветар.

Етапи Етапа 1

Етапа 2

Етапа 3

Етапа 4

Етапа 5

Етапа 6

Завршен пласман

Поредок

На Тур Даун Андер 2019 се доделувале четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа и временски бонуси за првите тројца на средните спринтови и на завршницата на етапите, предводникот ќе ја добие охра маичката. Овој пласман се сметал за најважен на Тур Даун Андер 2019 и победникот на овој пласман се смета за победник на трката.

Дополнително, постоел и спринтерски пласман, кој се наградувал со сина маичка, промена од зелена боја во 2018 година. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на некое од првите 15 места на некоја етапа. За победа на етапа, возачот заработувал 15 бода, кои се намалуваат за еден бод сè до еден бод за 15. место. Бодови за пласманот исто така можеле да се добијат и на средните спринтови на секоја етапа; овие средни спринтови исто така нудат бонус секунди за генералниот пласман. Исто така, постоел и планински пласман, каде се доделувала точкестата маичка. Во планинскиот пласман, бодови се добивале доколку велосипедистите се искачат на некое искачување пред другите велосипедисти, така што повеќе бодови има на повисоките категоризирани искачувања.

Четвртата маичка ја претставува пласманот за млад возач, обележан со белата маичка. Овој пласман се пресметувал на ист начин како генералниот пласман, но само возачите кои се родени на и по 1 јануари 1993 година можеле да учествуваат во пласманот. Постоел и пласман за екипите, каде времињата на тројцата најдобри велосипедисти по екипа на секоја екипа се додаваат заедно; водечка екипа на крајот на трката е екипата со најниско вкупно време. Дополнително, постоела награда за борбеност која се доделувала по етапата на возачот кој од страна на жири се сметал за „најборбен“. Победникот на наградата наредната етапа го носел црвениот број.

Етапа ПобедникГенерален пласман25пПланински пласман25пСпринтерски пласман25пПласман за млад возачНајборбен возачЕкипен пласман 1 Елија Вивијани Елија Вивијани Џејсон Леа Елија Вивијани Мајкл Сторер Патрик Бевин 2 Патрик Бевин Патрик Бевин Кејлеб Јуан Матје Ладању 3 Петер Саган Петер Саган Мајкл Сторер Мануеле Боаро 4 Дарил Импи Патрик Бевин Крис Хамилтон Томас де Гент 5 Јаспер Филипсен Рајан Гибонс Матје Ладању 6 Ричи Порт Дарил Импи Крис Хамилтон Дани ван Попел На крај Дарил Импи Џејсон Леа Патрик Бевин Крис Хамилтон нема награда

Список на учесници

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тур Даун Андер Категорија:Светска турнеја на UCI 2019 Категорија:Австралија во 2019 година