Беличка Река — река во западна Македонија, десна притока на Треска. Извира од Беличките Извори на источните падини на Илинска Планина, на надморска височина од 1.580 м, минува низ с. Белица и се влева во реката Треска кај с. Пополжани. Долга е 15 км.

Сливот на Беличка Река зафаќа површина од 123,20 км2, сочинувајќи 5,9% од вкупниот слив на Треска. Долината има мешан геолошки состав, преоѓајќи од варовничка во шкрилна, што може да се забележи од одронетите проширувања и сатески.Андоновски Т. (1984): Абразиони и флувијални елементи во Кичевската Котлина, Годишен зборник на ГФ, Кн. 27-28, стр. 3-7 5, Скопје

Галерија

Поврзано Белица Студенчица Зајаска Река Треска Кичевска Котлина

Наводи

Надворешни врски Устието на Беличка Река: видеорепортажа на проф. Гојко Алексоски од 1999 г. — YouTube

Категорија:Реки во Македонија Категорија:Притоки на Треска Категорија:Козица Категорија:Белица (Кичевско)