Штајнхудско Езеро (познато и како Штајнхудер Мер; ) — езеро во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија, сместено околу 30 километри северозападно од градот Хановер. Именувано е по блиското село Штајнхуде. Со неговата површина од 30 км2 претставува најголемо езеро во северозападниот дел на Германија. Сепак, истото е многу плитко, со просечна длабочина од само 1,35 метри и максимална длабочина од 3 метри.
Геологија
Езерото се создало по топењето на ледниците од последното ледено време. Постојат две теории кои наведуваат како точно се создало самото езеро.
Едната вели дека ледниците направиле дупка, која се исполнила со стопената вода. Другата теорија наведува дека ледена бура создала дупка и се појавиле подземни води, поради што се создало езерото. На средината постои мал вештачки остров на кој има тврдина од век, Вилхелмштајн (Wilhelmstein). Денес, езерото е дел од природен парк и се користи за рекреација.
Острови
Езерото има два вештачки острови:
Вилхелмштајн (12.500 м2) бил изграден помѓу 1761 и 1765 година. Се користел како воена тврдина помеѓу 1765 и 1767 од Вилхелм, гроф на Шаумбург-Липе. Потоа, кратко бил воена академија. Од 1777 до 1867 година, островот се користел како државен затвор на Кнежевството Шаумбург-Липе. Бадеинзел Штајнхуде (35.000 м2) бил изграден во 1975 година користејќи песок од самото езеро. Има песочна плажа, која е доста посетена во лето. Пристапот до езерото е преку пешачки мост долг 80 метри од Штајнхуде.
Туризам
Езерото е омилено одредиште за мештаните, но и за други летувалци. До три брода нудат крстосувања; но се користат и помали бродови, кои возат по посебен распоред. Велосипедска патека (долга околу 35 км) го обиколува езерото, минувајќи низ разни пејзажи.
Наводи
Надворешни врски
Страница на природниот парк
Категорија:Рамсарски места во Германија Категорија:Езера во Долна Саксонија Категорија:Слив на Везер