Евдокија Бершанскаја (; Доброволно, Ставропол, – во Москва) беше командант на 46. Таманска гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк за време на Втората светска војна и станува единствената жена што некогаш го добива Орденот на Суворов. Под нејзина команда, 23 пилоти од полкот стануваат Херои на Советскиот Сојуз поради нивните успешни бомбашки мисии против силите на Оската.

Ран живот Бершанскаја е родена на 6 февруари 1913 година во Доброволно, во некогашната Руска Империја. Откако нејзините родители умираат во Руската граѓанска војна, неа ја одгледува нејзиниот вујко. По завршувањето на средното училиште во Благодарни, таа се запишува на училиштето за пилоти Батаиск во 1931, каде по дипломирањето обучува други пилоти од 1932 до 1939, пред да ја назначат за командант на 218-та Воздухопловна скадрила за специјални операции, а станува и заменик претседател на краснодарскиот градски совет. Пред германската инвазија на Советскиот Сојуз, Евдокија се мажи со Петр Бершански со кого има син, но нивниот брак брзо се распаѓа. Таа продолжува да го носи презимето Бершанскаја сѐ до нејзиниот втор брак со Константин Бочаров по завршувањето на војната.

Втора светска војна Во 1941, Марина Раскова добива дозвола од Сталин да формира три женски воздухопловни полкови: 586-от Борбен воздухопловен полк, 587-от Бомбашки воздухопловен полк и 588-от Ноќен бомбашки полк. Како пилот со десет години искуство, Бершенскаја е избрана да го води 588-от Ноќен бомбашки полк, кој лета со Поликарпов По-2 авионите двокрилци. Во 1943, полкот е означен како гарда и е признат под името 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк. Подоцна го добива Орденот на Црвеното Знаме. Жените пилоти се толку жестоки и точни, што германските војници почнуваат да ги нарекуваат Ноќни вештерки. Ги нарекуваат вака бидејќи често во текот на мисиите ги исклучувале моторите и се „лизгале“ над нивните мети пред да ја исфрлат бомбата и повторно да го пуштат моторот. Сѐ до нивното распуштање во октомври 1945, во составот на полкот остануваат само жени. Заедно, имаат прелетано преку 230000 летови и исфрлено преку 3000 тони бомби на непријателските сили.

Покрај 23. членови на полкот што ја добиваат титулата Херој на Советскиот Сојуз, две исто така се прогласени за Херои на Русија, додека една за Херој на Казахстан.

Подоцнежен живот По војната Евдокија се мажи со Константин Бочаров, командант на 889-от Лесен ноќен бомбашки полк, кој за време на војната соработува со 46-та Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, кога и се запознаваат. На свадбата присуствуваат многу членови на нивните полкови. Заедно имаат три ќерки. Во 1975 станува Почесен граѓанин на Краснодар. Живее во Москва, каде и умира од срцев удар во 1982. Закопана е на Новодевичкиските гробишта.

Награди и почести Орден на Црвеното Знаме (двапати) Орден на Суворов Трета класа Орден на Александар Невски Орден на Патриотската Војна Втора класа Орден на Честа јубилејни медали

Наводи

Категорија:Родени во 1913 година Категорија:Починати во 1982 година Категорија:Закопани на Новодевичиските гробишта Категорија:Луѓе од Ипатовскиот регион Категорија:Луѓе од Ставропол Категорија:Жени пилоти Категорија:Руски воздухопловци Категорија:Советски бомбери пилоти од Втората светска војна Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Добитници на Орденот на Суворов, трета класа Категорија:Добитници на Орденот на Александар Невски Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, втора класа Категорија:Пилоти од Втората светска војна Категорија:Носители на орденот „Знак на Честа“ Категорија:Погребани на Новодевичките гробишта Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен Категорија:Носители на Орденот на Суворов од III степен