Ирина Фјодоровна Себрова (; – ) беше поручник и пилот на Советските воздухопловни сили кој служи во Ноќните вештерки за време на Втората светска војна. Себрова е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 23 февруари 1945 за првите 825 бомбашки мисии.

Ран живот

Родена на 25 декември 1941 година во Тетјаковка, Новомосковск во работничко семејство, Себрова се преселува во Москва и дипломира на Московскиот Универзитет, по што работи во фабрика. На 23 години, веќе станува искусен инструктор по летање на летачкиот клуб Фрунзе во Москва. Во 1938 година, дипломира од Московскиот Аероклуб, а во 1940 година започнува да се обучува за воено воздухопловство.

Воена кариера

По придружувањето кон Црвената Армија во октомври 1941 година, ги завршува своите воени воздухопловни студии на Енгелс и е одредена на 588-от Ноќен бомбашки полк во 1942, кој подоцна е наречен „Ноќни вештерки“ од страна на германските трупи. Полкот подоцна е прогласен за гарда со името 46. Гарда на ноќен бомбашки полк под 4. воздухопловна армија. Себрова се вклучува кон Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз во 1943. За време на војната, Себрова има 1008 летови со авионот По-2, а по 825-от лет е номинирана за признанието Херој на Советскиот Сојуз, што и го добива на 23 февруари 1945 година.

Себрова се пензионира од воздухопловните сили во 1948, придружувајќи му се на Московскиот воздухопловен институт. Умира на 5 април 2000 година и е закопана на Ракитинските гробишта.

Награди

Со титулата Херој на Советскиот Сојуз, на Себрова ѝ е доделен Орденот на Ленин. Исто така Ирина е добитник на три Ордени на Црвеното Знаме; го добива и Орденот на Патриотската Војна од прва и втора класа; the Order of the Red Star; како и други јубилејни медали.

Поврзано Список на хероини на Советскиот Сојуз Ноќни вештерки

Наводи

Категорија:Родени во 1914 година Категорија:Починати во 2000 година Категорија:Жени пилоти Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Советски пилоти од Втората светска војна Категорија:Членови на Комунистичката Партија на Советскиот Сојуз Категорија:Добитници на Орденот на Советскиот Сојуз Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, прва класа Категорија:Добитници на Орденот на Патриотската Војна, втора класа Категорија:Руски воздухопловци Категорија:Русинки во Втора светска војна Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од II степен