Хоне () — општина во округот Целе, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Општината била создадена од поранешните самостојни општини Хоне, Хелмеркамп и Шпехтсхорн.

Географија

Хоне се наоѓа на реката Вие, десна притока на Шварцвасер, која се влева во Алер близу Швахаузен.

Историја

Најрано спомнување на местото е на Спасовден во 1313 година кога Бере де Хоне (Bere de Hone) наследил фарма кај Хоне од манастирот „Св. Егедин“ во Брауншвајг. Овој манастир бил основан пред 1115 година.

Религија

Мнозинството жители на Хоне се лутеранци и припаѓаат на црквата „Св. Спас“ (Himmelfahrtskirche). Во оваа парохија влегуваат и селата Хелмеркамп, Ханенхорн, Шпехтсхорн, Полхефен и Умерн.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Целе (округ)