Мехриски јазик — семитски јазик, дел од групата на современи јужноарапски јазици. Јазикот е мајчин јазик на Мехријците кои пак се населени во изолирани области во источниот дел на Јемен и западен Оман.
Мехрискиот, заедно со останатите јужноарапски јазици, се зборувале на територијата на цела Јужна Арабија пред да навлезе исламот и арапскиот јазик во 7 век. Поради силното влијание на арапскиот и забележливиот билингвализам на Мехријците, јазикот е во опасност од исчезнување. Јазикот е претежно говорен со мала книжевност и скоро и да нема писменост на јазикот помеѓу Мехријците.
Дијалекти Мехрискиот јазик денес е составен од два главни дијалекта, јеменски мехриски (или јужномехриски) и омански мехриски (или дофарски мехриски). Оманскиот дијалект се зборува од мал број луѓе и нема голема внатрешна варијација, но јеменскиот е поделен на западни и источни дијалекти.
Морфологија Во прилог се личните заменки во мехрискиот: +м.р.единадвоинамножина1hōhkīhnḥah2hēttīhtām3hēhhīhhām +ж.р.едининадвоинамножина1hōhkīhnḥah2hīttīhtān3sēhhīhsān
Писмо Мехрискиот, како и останатите јужноарапски јазици, имаат богата усна традиција, но немаат писмена традиција. Денес постојат три системи за пишување на јазикот: арапско писмо, изменето латинско писмо и изменето арапско писмо. Изменетото арапско писмо има дополнителни букви за звуци кои се уникатни за мехрискиот.
Наводи
Литература Rubin, Aaron. 2010. The Mehri Language of Oman. Leiden: Brill. Rubin, Aaron, 2018. Omani Mehri: A New Grammar with Texts. Leiden: Brill.
Надворешни врски Примери од поезија на мехриски ELAR archive of Материјали за мехрискиот
Категорија:Јужноарапски јазици Категорија:Јазици во Оман Категорија:Јазици во Јемен Категорија:Јазици во Сомалија Категорија:Јазици во Кувајт Категорија:Јазици во Катар