мини|десно|Мозаик на кој се Пан и Хамдријада пронајден во Помпеја. Хамадријади (грчки јазик|Ἁμαδρυάδες) во грчкатамитологија биле нимфи дријади, чија судбина е врзана за дрвјата во кои и престојуваат.-{theoi.com: Hamadryades}-, Посетено на 29. 4. 2013.
Митологија Биле пред сè нимфи на даб и топола. Обично се повржувани со дрвја покрај река и свети гори.-{theoi.com: Dryades}-, Посетено на 29. 4. 2013. Бидејќи биле заштитнички на дрвја во кои живееле, биле многу сурови спрема секој кој го уништувал. Тоа било затоа што ако нивното дрво било повредено и Хамадријадите би биле повредени и ако би бил исечен дабот и Хамадријадата би умрела. Од друга страна, биле благонаклонети спрема оние кои го штителе нивното дрво. Се сметале за долговечни, дури и подолговечни од птицата феникс. Сите потекнуваат од Хамадријада по која и го добиле називот, а татко им е Оксил, Орејевиот син.Цермановић-Кузмановић, А. & Срејовић, Д. 1992. Лексикон религија и митова. Савремена администрација. Београд. Се нарекувале: Карија (орев) Баланос (даб) Кранија (дрен) Мореја (дудинка) Егира (топола) Птелеја (брест) Ампела (грозје) Сика (смоква) Според некои извори, нивни имиња биле Феба и Атлантија и тие биле сопруги на кралот Данај и мајки на Данаиди.Carlos Parada, 1997. Genealogical Guide to Greek Mythology}- -{Greek Mythology Link: NYMPHS}-; -{List of NYMPHS Од една Хамадријада почнала приказната за походот на „златното руно“. Таа го казнила синот на човекот кој го исекол нејзиниот даб и го украл златното руно посветено на богот Зевс.
Наводи
Надворешни врски
Литература
Категорија:Нимфи