мини|десно|Карл Раихерт, Мачешка фуга (гравура, 1870). Фуга во ге-мол (K. 30, L. 499) — соната за чембало од Доменико Скарлати со еден став, популарно наречена Мачешка фуга.
За прекарот Композицијата не го добила својот прекар пред XIX век и затоа самиот композитор така никогаш не ја нарекувал. Приказната за прекарот доаѓа од една случка која го навела композиторот на зачудувачки необичен мотив врз основа на кој е компонирана фугата. Според преданието Скарлати имал мачка по име Пулчинела, која според самиот тој, многу сакала да шета по клавијатурата (чембалото) бидејќи многу ја интересирале звуците.
По една прилика мачката прошетала по клавијатурата и Скарлати ја запишал фразата која излегла од таа „импровизација“, подоцна употребувајќи ја како водечки мотив во оваа фуга:
350px
Прекарот почнал да се употребува на концертните програми во XIX век, а и во изданијата на Клементи, Черни и Лонго.Книшка во ЦД комплетот Scarlatti: The Keyboard Sonatas во изведба на Скот Рос; стр. 143
Влијание Кк. 30 била издадена во Лондон во 1739. Хендл, познат по повторното искористување на своите и туѓи дела, ги компознирал своите Големи Концерти (Concerti Grossi) Оп. 6 помеѓу крајот на септември и крајот на октомври 1739 и чудните надолни интервали во вториот став Бр. 3 потсеќаат на Мачешката фуга.Simon P. Keefe, The Cambridge Companion to the Concerto, стр. 63. Cambridge University Press, 2005. ISBN 0-521-83483-X.
Изведби Кк. 30 отсекогаш уживала популарност. Франц Лист — кој дознал за делото од римскиот колекционер на партитури Абе Сантини — ја приклучил кон својата програма во Берлин во раните 1840-ти; ја има изведувано и Игнац Мошелес; двајцата ја изведувале под името Мачешка фуга
Наводи
Надворешни врски Партитура за фугата
Поврзано Сонати од Доменико Скарлати Чембало
Категорија:Дела на Доменико Скарлати Категорија:Фуги Категорија:Композиции во ге-мол