Валхала () — сала на славните во која се чествуваат истакнати личности од историјата на германските народиБрошура-водич, 2002, стр. 3. Изградена е во неокласичен стил налик на старогрчки храм и сместена крај реката Дунав во Донауштауф источно од градот Регенсбург во Баварија, Германија.

Споменикот е наречен по митското место Валхала од нордиското паганство, кое претставува задгробно живеалиште на заслужните. Замислено е во 1807 г. од баварскиот принц-престолонаследник Лудвиг со цел да го поттикне обединувањето на разните германски држави. Лудвиг започнал со изградбата откако седнал на престолот, и истата траела од 1830 до 1842 г. под водство на архитектот Лео фон Кленце. Денес споменичката сала има вкупно 65 спомен-плочи и 130 бисти, опфаќајќи личности од изминатите две илјади години. мини|Валхала од воздух. мини|Поглед на Валхала од Дунав.

Историја мини|Поглед од северозапад. мини|Колонадата на Валхала. мини|Главната сала. Во 1806 г. Наполеон ги припоил германските земји кон Француското Царство долж реката Рајна и Северното Море. Малите средногермански држави го создале Рајнскиот Сојуз, кој доброволно станал клиентска држава. Царот Франц II формално го распуштил Светото Римско Царство (6 август 1806) и станал цар на Австрија. Во 1806-7 г. избувнала Војната на Четвртата коалиција против француската окупаторска власт, но Наполеон успеал да ги завади германските држави и повторно извојувал победа над Германците.

Во 1806 г. Наполеон ја издигнал Баварија од изборно кнежевство во кралство. Наредната година, нејзиниот 20-годишен престолонаследник Лудвиг добил желба да ги потсети сите Германци дека се еден народ со заедничко минато и идентитет. За таа цел, задолжил неколку вајари да направат бисти од низа славни личности од германските земји. Во 1807 г. се направени првите бисти, а следната година принцот почнал да прима предлози и од швајцарскиот историчар Јоханес фон Милер.

Доаѓајќи на власт, Лудвиг веќе имал 60 готови бисти и нарачал изградба на споменичко здание крај Дунав близу Регенсбург по пример на Партенонот во Атина. На фризот од јужната страна во релјеф е претставено создавањето на Германскиот Сојуз во 1815 г.; на северниот се сцени од Битката во Тевтобуршката Шума од 9 г. н.е..Брошура-водич, 2002, стр. 6

Споменикот е отворен на свеченост одржана на 18 октомври 1842 г. и содржел 96 бисти, како и 64 спомен-плочи посветени на лица и настани чиј изглед не бил познат. Како истакнати претставници на германските народи или поточно „говорниците на германскиот јазик“ биле избрани 160 личности кои живееле и твореле во временски период од 1.800 години и во разни краишта на Европа како денешна Шведска, Австрија, Чешка, Полска, Велика Британија, Белгија, Холандија, Русија, Швајцарија и балтичките земји.

Додека митската Валхала е дом на јунаците славно паднати во битка, во својата „Валхала“ Лудвиг ги овековечил заслужни личности од секакви полиња на дејност и од обата пола. Во ова време, повеќе децении пред создавањето на германската држава, поимот „германски“ имал еквивалентно значење на поимот „словенски“ и немал конкретен национален предзнак. Затоа, меѓу чествуваните личности се вклучени и Готи, Лангобарди, Англосаксонци, Австријци, Холанѓани и швајцарски Германци, но и лица со општогерманско потекло кои се истакнале во земји каде не се говори германски. Изградбата на зданието чинела 4 милиони златници.

Посетеноста на паметникот доживеала голем пораст почнувајќи од 1933 г. поради организираните екскурзии на „Сила преку радост“ и други организации на националсоцијалистичката власт.

Како наследник на кралот, владата на Баварија решила да направи дополнувања во паметникот, давајќи ѝ на јавноста можност да дава предлози, под услов лицето да починало пред барем 20 години (во 1912 г. сменето на 40). Од отворањето до денес „Валхала“ е дополнета со само 31 биста на нередовна основа, доведувајќи го вкупниот број на 191, од кои дванаесет жени.

Во Минхен во 1853 г. кралот Лудвиг I сала на славните Баварци („Румсхале“), од кои деветмина потоа се префрлени во „Валхала“. Овие минхенски бисти настрадале во разорните бомбардирања од 1944 г. и на нивно место се поставени плочи на кои се објаснува префрлањето. Самиот крал Лудвиг I е овековечен во „Валхала“, како и во минхенската Салата на славните.

Список на личности Спомен-плочи мини|Статуа на кралот Лудвиг I (бр. 63, 1890) — „таткото“ на Валхала. мини|Фритигерн — поглавар на Визиготите (втора плоча од горе-лево)

Лицата и делата чиј изглед не е познат добиле спомен-плочи. Тие го опфаќаат периодот од Херман Херускерот наречен Арминиј (р. 17 г. п.н.е.) до часовничарот Петер Хенлајн (п. 1542). Во 2003 г. е додадена плоча во спомена на непознатите дејци на отпорот против националсоцијалистите. Аларих I — крал на Визиготите Алберт Велики — филозоф и богослов Албоин — крал на Лангобардите Алфред Велики — крал на Весекс Алкуин — главен советник на Карло Велики по црковни и образовни прашања Арнулф Корушки — свет римски цар Арнулф — војвода на Баварија, наречен „Арнулф Лошиот“ поради одземањето на црковен имот за одбранбени цели Атаулф — крал на Визиготите Беда Многупочитуван — англиски калуѓер и богослов Бернвард Хилдесхајмски — Хилдесхајмски епископ Свети Бонифациј (Винфрид) — светец заштитник на Германија Адријан Бубенбершки — швајцарски витез и војсководец Хлодовиг I — крал на Франкија Гај Јулиј Цивилис (* 25) — предводник на германскиот бунт против Римјаните во 69 г. Егберт Весешки (770–839) — прв фактички крал на Англија, дедо на Алфред Велики Ајнхард — историчар Елизабета Унгарска — светица и унгарска принцеза Емерам Регенсбуршки — светец Енгелберт Бершки — светец Фритигерн — поглавар на Визиготите Фридрих Убавиот — војвода на Австрија и крал на Римјаните Гејзерик — крал на Вандалите и Аланите Мајстор Герхард — градител на Келнската катедрала Петер Хенлајн — изумител на часовникот Хајнрих III — свет римски цар Хенгист — предводник на германската (англосаксонската) инвазија на Британија во V век Хериберт Келнски — Келнски архиепископ и главен советник на царот Отон III Ерманарик — крал на Остроготите Херман Херускерот (Арминиј) — водач и победник во Битката во Тевтобуршката Шума Херман Залчки — четврти Голем мајстор на Тевтонскиот ред Хилдегарда Бингенска — германска калуѓерка, мистик, писател, и композитор. Хорса — воин и брат на Хенгест Хротсвита — каноница, поетеса и драматург од XII век Карло Мартел — франкиски војсководец, победник над Арапите во Битката кај Поатје Карло Велики — основоположник на Светото Римско Царство Ламбрехт Ашафенбуршки — средновековен летописец Леополд VI — војвода на Австрија Маробод — крал на Маркоманите Матилда Рингелхајмска — светица творецот на Песната за Нибелунзите Одоакар — поглавар на Германите, го симнал последниот западноримски цар, станувајќи крал на Италија Отон II — војвода на Баварија Отон Бамбершки — средновековен епископ, христијанизатор на Померанија (Поморјето). Отон Фрајзиншки — Фризиншки епископ Отон I — војвода на Баварија Пипин Херисталски — франкиски мајордом и државник Пипин Малиот — франкиски мајордом и државник Рабан Маур — бенедиктински свештеник и Мајнчки епископ Тројцата заклетници на Ритлишвурот (творци на стариот Швајцарски Сојуз) мини|Заклетвата на Ритли. Теоделинда — кралица на Лангобардите Теодорих I — крал на Визиготите Теодорих Велики — крал на Остроготите и Визиготите Арнолд од Кулата (Арнолд цум Турм) — епископски советник, еден од основачите на сојузот на рајнските градови Тотила — крал на Остроготите Вулфила — готски епископ, мисионер и преведувач. Веледа — пророчица на Бруктерите во Батавското востание Валтер фон дер Вогелфајде — прочуен поет, претставник на средногорногерманската лирика Бруно Варендропски — градоначалник на Либек Павле Ѓаконот — бенедиктински калуѓер, историчар на Лангобардите Вилхелм Келнски — средновековен мајстор-живописец Вилиброрд — нортамбриски мисионер и светец, наречен „Апостол на Фризите“ Арнолд фон Винкелрид — швајцарски народен јунак Видукинд — војвода на Саксонија и противник на Карло Велики во Саксонските војни Волфрам фон Ешенбах — германски витез, дворски лирски и епски поет дејци на Отпорот („Видерштанд“), додадени во 2003 г.

Бисти Првичните бисти се поставени по временски редослед (годината на смрт), почнувајќи од саксонскиот војвода Хајнрих Птичарот (р. 876), па сè до писателот Гете (п. 1832).

Првични бисти (пред 1847 г.) мини|Мермерни бисти бр. 6-14. Моцарт е во средината долу. мини|Никола Коперник — дело на Ј. Г. Шадов (1807, бр. 52) мини|Лудвиг ван Бетовен (бр. 65) мини|Петтата група бисти (бр. 90 - 110) мини|Вилхелм — гроф на Шаумбург-Липе (бр. 124) мини|Фридрих Готлиб Клопшток

Амалија Елизабета — грофица на Хесен-Касел за време на Триесетгодишната војна Август II Силниот — изборен кнез на Саксонија и крал на Полска Михаил Барклај де Толи — руски кнез и фелдмаршал од балтогерманско семејство со шкотско потекло Лудвиг ван Бетовен — германски класицистички композитор Бернхард Саксовајмарски — војсководец во Триесетгодишната војна Хебхард Лебрехт фон Блихер — пруски генералфелдмаршал Херман Бурхаве — холандски хуманист и лекар Готфрид Август Биргер — поет Кристоф — војвода на Виртемберг Јохан фон Далберг — Вормски епископ Иван Дибич Забалкански (Ханс Карл фон Дибич) — германско-руски фелдмаршал, роден во Шлеска Албрехт Дирер — гравер и сликар Антонис ван Дајк — фламански сликар и гравер Еберхард I — војвода на Виртемберг Јулиус Ехтер фон Меспелбрун — Вирцбуршки епископ Јозеф фон Ајхендорф — поет Еразмо Ротердамски — холандски хуманист Ернст I — војвода на Саксонија-Гота и Саксонија-Алтенбург за време на Триесетгодишната војна Јан ван Ајк — фламански сликар Карл Вилхелм Фердинанд — пруски генералфелдмаршал Фридрих I „Победникот“ — изборен кнез на Пфалц Фридрих I — свет римски цар Фридрих II — свет римски цар Фридрих Велики — крал на Прусија Фридрих Вилхелм — изборен кнез на Бранденбург Георг фон Фрундсберг — витез и водач на ландскнехтите Јакоб Фугер — трговец и филантроп од Аугсбург Ернст Гидеон вон Лаудон — австриски фелдмаршал од Ливонија Кристоф Вилибалд Глук — композитор Јохан Волфганг фон Гете — поет и сестран научник Јозеф Герес — писател Хуго Гроциј — холандски правник и мислител Ото фон Герике — германски научник и изумител Јохан Гутенберг — изумител на печатарството Албрехт фон Халер — швајцарски анатом и физиолог Ханс фон Халвил — швајцарски заповедник во Битката кај Муртен Георг Фридрих Хендл — германски барокен композитор Јозеф Хајдн — австриски класичен композитор Хајнрих Лавот — војвода на Саксонија и Баварија Хајнрих Птичарот — војвода на Саксонија и крал на Германците Вилхелм Хајнзе — германски писател Бертолд Хенебершки — изборен кнез и Мајнчки архиепископ Јохан Готфрид Хердер — германски поет, критичар и богослов Фридрих Вилхелм Хершел (Вилијам Хершел) — германски астроном и композитор Ханс Холбајн Помладиот — германски сликар Улрих фон Хутен — германски витез и ренесансен хуманист Фридрих Лудвиг Јан — германски родољуб и основоположник на денешната гимнастика Имануел Кант — германски филозоф Карло Тешенски — австриски војсководец Карло V — свет римски цар Карло V — војсководец, војвода на Лотарингија Карл X Густав — крал на Шведска Катерина Велика — царица на Русија Јоханес Кеплер — германски астроном и математичар Фридрих Готлиб Клопшток — германски поет Конрад II — свет римски цар Никола Коперник — астроном од Полска, првиот кој дал строг научен доказ за хелиоцентричниот модел Готфрид Вилхелм Лајбниц — германски филозоф и математичар Готхолд Ефрајм Лесинг — германски поет од времето на просветителството Јустус фон Либиг — германски хемичар Парис Лодронски — Салцбуршки кнез-архиепископ Лудвиг Вилхелм Баденски — војсководец Лудвиг I — крал на Баварија Марија Терезија — надвојвотка на Австрија и кралица на Унгарија и Чешка (мајка на Марија Антоанета) Максимилијан I — свет римски цар Максимилијан I — изборен кнез на Баварија Ханс Мемлинг — фламански сликар Антон Рафаел Менгс — чешки сликар Мауриц Орански — холандски капетан, војсководец во војската на Холандската Република