Купот на Македонија 2019 ― 27. издание на Купот на Македонија во кошарка. Во ова издание учествувале првите осум екипи од полусезоната на Првата лига 2018/19, односно немало квалификации, и биле подредени според местоположбата на табелата од полусезоната. Поради загубата на својот играч Јовица Трпевски кој доживеал сообраќајна несреќа заедно со повеќе гостиварски сограѓани, КК Гостивар со поддршка од останатите клубови побарал да се одложи Купот кој требал да се одржи на 15 до 17 февруари. Потоа МКФ одлучила Купот да биде одржан на 12 до 14 април. Турнирот се одржал во спортската сала 26 Април во Гевгелија, во организација на КК Блокотехна НБ, КК Кожув, Општина Гевгелија и МКФ. Во ова издание првак бил Работнички.

Ова било последното издание под називот Куп на Македонија бидејќи Кошаркарската федерација на Македонија го променила називот на натпреварувањето во Куп Благоја Георгиевски - Буштур за следното издание, во чест на поранешниот кошаркар, југословенски репрезентативец и спортски работник Благоја Георгиевски кој загинал во сообраќајна несреќа на 29 јануари 2020 година.

Место на одржување Гевгелија Спортска сала 26 Април Капацитет: 1,600center|320px

Екипи учесници На завршниот турнир обезбедиле пласман екипите кои завршиле на првите осум места на табелата од полусезоната (до 11. коло) од Првата лига 2018/19. Пласманот на една екипа значел против која екипа ќе се натпреварува, односно систем 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.

МестоЕкипа1.Блокотехна НБ2.Работнички3.МЗТ Аеродром4.Гостивар5.Фени Индустри6.Кожув7.Куманово 20098.АВ Охрид9.Вардар10.Пелистер11.Шкупи

Костур  ЧетвртфиналеПолуфиналеФинале              1  Блокотехна НБ 115  8  АВ Охрид 68   1  Блокотехна НБ 92     4  Гостивар 87  4  Гостивар 88  5  Фени Индустри 81    1  Блокотехна НБ 71  2  Работнички 85  2  Работнички 104  7  Куманово 2009 80   2  Работнички 93   3  МЗТ Аеродром 89  3  МЗТ Аеродром 89   6  Кожув 62 <noinclude>

Турнир Четвртфинале

Полуфинале

Финале

Победнички состав

број име позиција државјанство0Бојан КрстевскиКрилен центар/ Центар1Дариус ВашингтонБек3Андреј ЈордановскиРазигрувач 4Бобан СтајиќРазигрувач5Димитар Мираковски (К)Разигрувач6Димитар КараџовскиБек7Стефан МладеновиќБек9Ѓорѓи ЧековскиКрилен центар 10Максим Митевски 11Кирил НиколовскиКрилен центар/ Центар20Чавдар КостовБек 25Виктор ЕфремовскиКрило55Марјан ЈанескиКрилен центар Дамјан КрстевскиБек Дамјан Бошковски

Победник воКупот на Македонија 2019 Работнички 10. титула

Главен тренер Марин Докузовски Помошник тренер Игор Михајловски

Признанија Најкорисен играч на финалето - Чавдар Костов (Работнички) Најдобар стрелец на турнирот - Чавдар Костов (Работнички) Благодарници - Општина Гевгелија, КК Кожув, КК Блокотехна НБ

Извор:

Поврзано Прва македонска кошаркарска лига 2018/19 Втора македонска кошаркарска лига 2018/19

Наводи

Надворешни врски Македонска Кошаркарска Федерација

2019 Кошарка