Д’мбени или Дамбени (, Дендрохори, до 1926 г. Δύμπενι, Димбени или Ντέμπενι, ДембениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Δέμπενη - Δενδροχώρι) — село во Костурско, Егејска Македонија, денес во Општина Костур на областа Западна Македонија, Грција. Во 2001 г. населението броело 349 жители.
Потекло на поимот
Уште од својот постанок, селото се викало Д’мбени. Со преземањето на Егејска Македонија под грчка административна управа по Првата балканска војна и по Првата светска војна, Грците го измениле името прво во Дембени, а со наредбата на грчката влада од 31 август 1926, го добило името Дендрахорион. И денес селото се води под тоа име во Грција. Ова грчко име е всушност превод на македонското Д’мбени, што значи даб - месено: д’мб и дендро - дрво. Дендрохорион, описно преведено, значи село во дабови дрвја.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА, Скопје, 1996, стр. 13
Географија и местоположба
Селото Д’мбени се наоѓа на географските координати 40°34'60" СГШ и ИГД 21°8'60". Релјефoт му е планинско-ридски со мали рамнини и котлини. Од север кон југ го сечат четири истечни води и суводолци и трапови. Одогенетскиот процес се развил во тријасот од мезозојската ера, па планините се издигнуваат од дното на некогашното море. Тогаш се формирал и динарско-пиндскиот планински систем кој му припаѓа на Орлово (Малимади).Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА, Скопје, 1996, стр. 15
Тоа се наоѓа во северозападниот дел на Костурскиот Округ во Егејска Македонија. Расположено е на еден гранитен масив наречен Орлово, огранок на планината Вињари, во должина од 900 метри. Од градот Костур е оддалечено околу 20 км, а од Билишта, гратче што се наоѓа во Албанија, околу 25 км. На север, преку планината Вињари, се граничи со селото Брезница; на североисток преку планината Костолата се граничи со селата Габреш и Дреновени; на исток, преку планините Тумба, Кирјака и Тројница, со селата Четирок и Света Недела; и на запад, преку планината Уши, со селото Косинец, а преку планината Арвенко и со селото Смрдеш. Сите овие села се населени со чисто македонско население, со исклучок на Сливени (населено со Маџири, доселеници од Мала Азија), додека селата Четирок и Света Недела се со мешано население - Македонци и Маџири.
Клима
Климата во Д’мбени е умереноконтинентална со средоземно влијание. Зимите се благи, со многу снег, а летата топли и суви. Средната годишна температура е 15° Ц, а средната температура во јануари е околу 4° Ц. Најтопол месец е јули со просечна температура од 26° Ц.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 15
Врнежите се нерамномерно распоредени во текот на годината. Најмногу дожд паѓа во пролет и есен и секогаш е придружен со силни ветрови и грмотевици. Годишно паѓаат од 600-900 мм врнежи на 1 м2. Ветровите се претежно од неопределена насока бидејќи селото се наоѓа во подножје на планински полувенец. Најпознат и најчест е ветерот југо кој дува во зимските и пролетните месеци.
Историја мини|десно|300п|Д’мбени на почетокот на XX век Се претпоставува дека Д’мбени е создадено по доаѓањето на Турците на балканскиот полуостров. Настанало од повеќе помали македонски населби што се наоѓале во негова близина. Така, источно од Д’мбени се наоѓало селцето Берик. Неговите жители биле чифлигари на жервенскиот бег; на југоисток се наоѓало селцето Горно Сливени чии жители биле чифлигари на сливенскиот бег; на југ се наоѓало селцето Сајново, а неговите жители биле чифлигари на четирскиот бег и на југоисток се наоѓало селцето Света Петка чии жители биле чифлигари на светонеделскиот бег. И до ден денес тие места, каде што биле селските населби, ги носат истите имиња.
Турско време
Д’мбени, иако било доста оддалечено од главните комуникациони патишта, не било поштедено од секојдневните напади, провокации и ограбувања од претставниците на турската власт. Д’мбени најповеќе страдало поради тоа што во негова близина имало села со муслиманско население (Сливени, Четирок, Света Недела, Ошени, Капешница и други од Четирското Поле). Беговите најчесто ги одземале пасиштата по д’мбенските планини за нивните стада и ставале свои бачила.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 47
Илинденско востание мини|десно|Лазар Поп-Трајков Формирањето на ВМРО во 1893 наишло на силен одглас кај македонското население во костурско. Д’мбенци масовно ја прифатиле организацијата и сестрано ја помагале. Првиот организатор на ВМРО во Костурско бил учителот Апостол Димитров од Д’мбени.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 50 На 24 август 1903, востаниците под команда на Лазар Поп-Трајков воделе борба со илјаден турски аскер. Во тој период турскиот аскер го разрушил селото и го уништил. Од 276 куќи, уште повеќе плевни, кошари и други помошни простории, останале само 3 куќи. Бидејќи населението било надвор од селото, на 12 септември 1903, аскерот убил 10 старци кои останале во селото. Поради пустошот, по враќањето, д’мбенци морале да ја преживеат зимата, 1903/1904, во импровизирани живеалишта.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 54 Поради тешката состојба, над 170 мажи се иселиле во странство на печалба.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 58
Грчко-турска војна
За време на Грчко-турската војна, Грција извршила општа мобилизација и во Егејска Македонија. Во тој период од Д’мбени емигрирале 42 лица. Оние кои останале во селото биле принудени да учествуваат во војната. Од ова село, во војанта, се бореле 40 селани. Од нив, во Мала Азија, загинале 7, а тешко ранет останал еден војник. Неуспехот на грчкиот ескпанзионизам, грчката власт го одразила и на македонските војници. На сите оние кои имале поголем чин, истиот им бил одземен и сите Македонци биле испратени во логори на принудна работа, сè до демобилизирањето.
По неколку години од Грчко-турската војна, грчката власт наредила во сите села да се подигнат споменици за одбележување на имињата на паднатите борци од истото село. Таков споменик бил направен и во Д’мбени, на местото Голем Рид, на кого биле испишани имињата на седумтемина загинати војници.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 67
Втора светска војна мини|десно|250п|Лазо Трповски и Андреја Чипов Во есента 1939, била извршена делумна мобилизација. Д’мбени се наоѓало меѓу првата и втората одбранбена линија и поради тоа, во 1939, во селото бил страциониран еден баталјон на грчката армија. Во борбата против италијанскиот окупатор учествувале 99 д’мбенци на страната на грчката војска. При бомбардирањето од страна на Италија, во Д’мбени била уништена една куќа, како и убиени две жени и една ранета.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 95
Со омасовувањето на КПГ, во јули 1941, бил формиран реонски комитет за западниот дел на Костурскиот Округ со седиште во Д’мбени. За секретар бил избран Илија Љочков. Организацијата најмногу придонела во снабдувањето со оружје на комунистите, како и обезбедување на две радија на батерии.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 101
На 1 ноември 1941 г. специјалниот италијански баталјон за чистење на комунисти, на чело со капетанот Де Примо, го обиколил селото Д’мбени. Следниот ден, наутро, биле повикани селаните на плоштадот на селото и мажите биле затворени во училиштето. Во Д’мбени се носеле мажи од сите соседни села за да бидат испрашувани. Два месеци окупаторите останале во селото и биле уапсени 26 комунисти, 46 д’мбенци и 60 д’мбенки кои биле однесени во затворот во Костур. Италијанскиот врховен суд осудил 10 д’мбенци на смрт со стрелање.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 111
Во текот на народноослободителната борба на Грција, сите жители на Д’мбени биле опфатени во антифашистичките организации: ЕАМ, КПГ, ОКНЕ, СНОФ, ЕОПН, АЕТОПУЛА (пионери) и го помагале движењето морално, материјално и со директно учество. По ослободувањето на селото од страна на единиците на ЕЛАС, во втората половина на 1943, била воспоставена народна власт. Во ноември истата година, по вторпат бил избран народноослободителниот одбор. Претседател на вториот одбор бил Ставро Имбров.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 126
Занимање на населението
Секое семејство чувало по една до две мазги или магариња за превоз и по еден до два вола за орање; по една или повеќе крави, 15-30 кози, а домаќинствата кои се занимавале главно со сточарство чувале и преку 300 овци. Крупниот добиток се пасел во две стада: едното за калаченската маала, а другото за каменската маала. Истото било и со козите, телињата и свињите. Пасачите на добиток се пазареле секој Митровден. Спогодбата се вршела кај чешмата помеѓу претставниците од секое семество и заинтересираните пасачи. Пасачите на добиток биле, главно, мажи кои немале ниви или не се занимавале со земјоделство.
Поради варовните ридови и планини, во селото послабо успевале житните растенија. Затоа, само на подобрите ниви се сеело пченица и пченка, а послабите ридски и каменести ниви се посадувале со ’рж, овес, уров, леќа и друго. Поради големата покриеност на планините со плодни дрвја, селаните ги користеле плодовите за тргување и за домашна употреба.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 19
Во Д’мбени отсекогаш било развиено и лозарството. Лозјата, главно, ги задоволувале потребите на домаќинствата, односно се користеле за правење вино и ракија.
Во селото имало и: дуќанџии, кафеани, чевлари, шивачки, столарски работници, бочвари, слаткарници, браварници, самарџии, лимари, бербери и др.Лазо Поп-Јаневски: Костурското село Д’мбени. АУРОРА - Скопје, 1996. стр. 20-22
Демографија Во 1913 година селото броело 1.207 жители, а во 1920 - 944. Според пописот од 1928 година имало 866 жители, а оној од 1940 покажува 794 жители. Во 1945 година во него живееле 780 Македонци. Во 1948 година е наполно уништено и сите негови жители се иселуваат. Подоцна во него се заселени Власи од Епир.Васил Кънчов. „Македония. Етнография и статистика“. София, 1900.
Имиња и презимиња
Со потпаѓањето на егејскиот дел на Македонија под административна власт на Грција, а посебно со диктатурата на Метаксас од 1936, им било наредено на Македонците да ги променат своите имиња со грчки. Поповите го вршеле прекрстувањето и ги внесувале во регистрите, а новороденчињата не ги примале доколку, претходно, родителите не го кажеле името на грчки. Прекрстувањето било на следниов начин: Трпо се прекрстувал во Трифунас, Цвета во Антула, Стојанка во Иоана, Лина во Амалија, Ванчо во Иоанис, Насо во Атанасиос, Живко во Зисис, Дафина во Дафни, Лена во Елони, Крсто во Ставрос итн. Презимињата биле менувани на сличен начин, односно: Трповски во Зисијадис, Шерков во Шекропулос, Караџов во Каразас, Шмагранов во Смагранис, Ангелков во Ангелкопуслос, Шимбов во Симбас и сл. Тоа значи дека на крајот на презимето редовно се додавале наставките: -ос, -ас, -ис, -у, -ну, итн.
Религија мини|десно|Црквата „Св. Никола“ Сите д’мбенци биле православни. Во селото имало 4 попа. Имало три цркви: „Св. Никола“, подигната на местото Д’мбо; „Св. Димитрија“, подигната во центарот на селото; и третата била изградена надвор од селото. Тоа бил манастирот „Св. Петка“ кој се наоѓал на место каде што некогаш имало населба. Секоја година, во манастирот „Св. Петка“, се одржувал панаѓур на кој доаѓале луѓе од сите околни села (Косинец, Света Недела и Четирок). За манастирот и неговиот имот се грижеле калуѓери кои таму живееле.
Општествени установи
Образование