Мабирејскиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од семејството на источночадски јазици. Јазикот е пред изумирање, ако не е веќе изумрен.
Говорници Според податоците од 2001 година, јазикот го зборувале само тројца жители, од кои двајца биле постари брат и сестра во селото Улек. Третиот,Силејмане Дабенга, поглавица на Мабирејците, живеел во Кач. Сите тројца биле во Чад.
Исчезнување Пред педесет години, Мабирејците живееле во 4 големи села во близина на Мабире. Овие села биле Амдамена, Арга, Мамбире и Улек. Заедниците исчезнале по појава на епидемија, а тие што преживеале јазично се претопиле во соседните јазици.Eric Johnson & Cameron Hamm. 2002. "Mabire: A Dying Language of Chad," SIL Electronic Working Papers 2002-002. online
Наводи
Надворешни врски Профил на мабирејскиот на Проектот на загрозени јазици Мабирејски јазик на „Етнолог“.