Џелкуншкиот е афроазиски јазик, дел од групата на чадски јазици од подгрупата на источночадски јазици.
Преглед Истражувањата за јазикот покажуваат измешани факти за неговото постоење. Така на пример, Бленч наведува дека јазикот е посебенBlench, 2006. The Afro-Asiatic Languages: Classification and Reference List (ms), а пак „Етнолог“ во своето 18-то издание наведува дека „џелкуншки“ е само синоним за сабанскиот јазик. Ако се земе предвид записот на Етнолог, тогаш јазикот го зборуваат само 1.340 жители, североисточно од Мелфи во регионот Гера во Чад. Јазикот е сериозно загрозен и е пред изумирање. Луѓето зборуваат на арапски. Јазикот се пишува на латиница.Сабански јазик на „Етнолог“.
Наводи
Надворешни врски Сабански јазик на „Етнолог“.