алт=Залутани деца во декември 2019 година Од лево надесно: Ли Ноу, Хан, И.Н., Феликс, Бенг Кристофер,, Хјунџин, Сеунгмин и Чангбин |мини|Стреј Кидс во декември 2019 година Од лево надесно: Ли Ноу, Хан, И.Н., Феликс, Бенг Кристофер, Хјунџин, Сеунгмин и Чангбин Кристофер Бан (роден на 3 октомври 1997), подобро познат по неговото корејско име Бан Чан, е австралиски рапер, пејач, текстописец и продуцент познат како водач на јужнокорејската машка група Стреј Кидс (Stray Kids). Пред Стреј Кидс, тој и двајца други членови на групата формирале хип-хоп трио, 3Рача (3Racha), каде што бил претставен под алијас CB97.
Ран живот Кристофер Бан се преселил во Сиднеј, Австралија, на многу рана возраст. Има помлада сестра наречена Хана и помлад брат Лукас. Тој сменил место на живеење 5 пати, додека сѐ уште живеел во Австралија. Пред да замине од Сиднеј, тој ја посетувал Високата школа за изведувачки уметности во Њутаун. Кога се преселил во Јужна Кореја, се запишал во средното училиште Чехондам. Кристофер учествувал во мјузикли, учејќи балет и модерен танц. Тој се приклучи на ЏЈП Ентертејнмент во 2010 година, откако поминал на аудиција во Австралија, организирана од неговите родители.
Кариера
2017: 3Рача 3Рача била формирана кон крајот на 2016 година во Сеул, Јужна Кореја. На 18 јануари 2017 година, Чан (CB97) и соработниците Чанбин (SPEAR B) и Џисунг (J.ONE), ја објавиле својата прва микс-лента, J: / 2017 / mixtape, на SoundCloud, која се состоела од седум песни. Тие веднаш добиле признанија од слушателите за нивната способност да пишуваат и да продуцираат сопствена музика на професионално ниво.
2018: Стреј Кидс На 25 март 2018 година, 3Рача дебитирала со Стреј Кидс со Ај ем нот ер (I Am Not Air) и синглот Дистрикт 9 (District 9). Сите тројца членови на 3Рача учествувале како текстописци и продуценти на албумот.
Стреј Кидс објавиле уште два албума во 2018 година, со наслов Ај ем ху (I Am Who) и Ај ем ју (I Am You), во која Чан, заедно со 3Рача, земаат учество како текстописци и продуценти во повеќето песни.
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1997 година Категорија:Статии со текст на корејски Категорија:Сите статии со непотврдени изјави
Категорија:Пејачи од Јужна Кореја