Пецо Видимче (, - , ) — македонски сликар.
Животопис Пецо Видимче е роден на 8 октомври 1921 година во Битола, тогаш во Кралството на Србите, Хрватите и Словенците. Во 1952 година дипломирал ликовна уметност во Белград во класата на професорот Неделко Гвозденовиќ. Како стипендист на Фондот „Моша Пијаде“ бил на студиски престој во Италија (1954) и Франција (1960). Во 1953 година станал член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и учествувал во сите негови изложби. Во 1955 година заедно со уметниците Јован Димовски, Методија Ивановски-Менде, Перо Спироски и Борислав Траиковски ја основале групата ВДИСТ. Критиката високо ги оценува нивните дела.
Видимче имал самостојни изложби во Битола, Скопје и Куманово и учествува на групните во Југославија, Велика Британија и Италија. Предавал ликовна уметност во гимназијата „Георги Димитров“ во Скопје.
Починал на 12 ноември 2010 година во Скопје.
Награди Награда „4 Ноември“ за ликовна уметност (1960) Награда „13 Ноември“ за ликовна уметност (1976) Трета награда на Извршниот совет на Социјалистичка Република Македонија (1977) Македонски пејзаж (1977) Нерешки мајстори (1977) Награда „11 Октомври“ за животно дело (1982)
Наводи
Категорија:Македонски сликари Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Добитници на наградата „4 Ноември“ Категорија:Добитници на наградата „13 Ноември“