мини|Логото на Телеком мини|Кристофер Матејсен, главен извршен директор на Унгарски Телеком Унгарски Телеком е најголемата унгарска телекомуникациска компанија. Поранешниот монопол е сега подружница на Дојче Телеком. До 2005 година бил познат под името Матав.

Историја Унгарскиот Телеком е основан во 1991 година од издвојувањето од Унгарската пошта. Унгарскиот телеком е приватизиран од 1993 година до 2000 година кога дошол во мнозинска сопственост на Дојче Телеком. Ова е првата компанија во Источна Европа која во 1997 година излегла на Њујоршката берза. Во 2001 година Унгарскиот Телеком го купил Македонски Телеком, и доаѓа до либерализација на фиксниот телефонски пазар во Унгарија. Во 2005 година Унгарскиот телеком го купува Црногорскиот Телеком, се извршува ребрендинг на Телеком и започнува во употреба брендот Т.

Бизнис Како и сите компании во групата Дојче Телеком, Унгарскиот Телеком работи под следниве брендови:

Т-Home за фиксна телефонија . Т-Mobile за мобилна телефонија . Т-Systems за големи системи (корпорации).

Поврзано Македонски Телеком

Галерија

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на унгарски Телеком

Категорија:Унгарски претпријатија