Свети Ѓорѓи — црква во селото Тројаци. Сместена е во јужниот дел од селото, во дол окружен со остатокот од селото.

Историја Црквата била изградена во 1838 година, а била живописана во 1850 година. Во 1892 година бил дограден отворен трем од западната страна.„Црква „Св. Георгиј“, село Тројаци “. OldPrilep. 4 јуни 2015. Во црквата се вградени повеќе римски столбови и делови архитравни греди (сполии) на кои веројатно претходно им се припишувало духовно значење.

Архитектура Градбата на црквата претставува трикорабна базилика со полукружна апсида од надворешната и од внатрешната страна.

Дворот на црквата е ограден со камена ограда која има две влезни порти — една од западната и една од јужната страна. Камбанаријата се наоѓа од левата страна пред западната порта од дворот на црквата и таа има примитивен облик и се состои од метална конструкција со квадратна основа која е покриена со пирамидален лимен кров. Во дворот на црквата се сместени селските гробишта и трпезарија.

Галерија

Поврзано Тројаци Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Тројаци Тројаци