Македонска филхармонија — единствениот симфониски оркестар во Македонија. Од основањето до денес, оркестарот игра важна улога на полето на музичката уметност во Македонија и како претставник на домашната класична музика во странство. Со него раководеле истакнати македонски и странски диригенти и настапувале видни солисти. Гостувала во разни земји во Европа, како и Средна и Латинска Америка.
Има широк репертоар од симфониски, вокално-инструментални и камерни дела од класичното, современото творештво од домашни и странски композитори. Во склоп филхармонијата повремено работи и камерен оркестар.
Историјат Филхармонијата е основана е на 24 ноември 1944 г. со одлука на управата, а од страна на група музичари, на чело со диригентот Тодор Скаловски. На почетокот, оркестарот се состоел од триесетина музичари, предводени од Скаловски и Трајко Прокопиев. Најпрвин, оркестарот настапувал на свечености и академии, а првиот јавен концерт бил одржан одржан на 15 декември 1945 г. Во текот на своето постоење, Филхармонијата работела во состав на други организации и установи, под имињата: „Скопска филхармонија“, „Државен симфониски оркестар“, „Симфониски оркестар на Радио Скопје“ и „Оркестар на Операта на МНТ“, а во 1960 г. станала самостојна установа, под името „Македонска филхармонија“.
По повод јубилејот 70 години од основањето, на 15 декември 2014 година била промовирана монографијата „70 години Македонска филхармонија“, чии автори се Тина Иванова и Роза Нолчева-Ангеловска.„Монографија за 70 години Македонска филхармонија“, Дневник, година XVIII, број 5643, вторник, 16 декември 2012, стр. 19.
Настапи Покрај редовниот репертоар во Македонија, Македонската филхармонија гостувала во повеќе земји: Јужна Америка, Белгија, Холандија, Швајцарија, Шпанија, Полска, СССР, Романија, Бугарија, Турција, Италија, Србија, Црна Гора и други.
Диригенти Покрај нејзините основачи, со филхармонијата раководеле голем број на странски и домашни диригенти:
Познати изведувачи
Поврзано Македонска опера и балет Македонска класична музика Тодор Скаловски Трајко Прокопиев
Наводи
Надворешни врски Македонска филхармонија — матична страница
Категорија:Македонски оркестри Категорија:Симфониски оркестри Филхармонија Категорија:Музички организации во Македонија Категорија:Култура на Скопје Категорија:Добитници на наградата „23 Октомври“ Категорија:Носители на Орденот за заслуги за Македонија