мини|Мистерии Хамсун корица Мистерии (норвешки: Mysterier) — роман на норвешкиот писател Кнут Хамсун од 1892 година.
Содржина „Мистерии“ е приказна за ексцентричниот губитник Јохан Нагел, кој пристигнува во еден норвешки приморски град и предизвикува низа неконвенционални и мистериозни настани. Како одличен познавач на бруталната страна на човековата природа, Нагел со своето однесување ги вознемирува жителите на градот, откривајќи ги нивните најмрачни инстинкти и потиснатите желби. Истовремено арогантен и скромен, праведен и неморален, тој успева да го заведе месното население и да го отпреврти наопаку дотогашниот начин на живот, а потоа исчезнува исто толку необично како што се појавува.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
Осврт кон романот „Мистерии“ е вториот роман на Хамсун, која се смета за неговата најзначајна книга и еден од првите егзистенцијалистички романи. Романот претставува вешта комбинација на психолошки портрет и општествена анализа и во него авторот продира во човечките длабочини, прикажувајќи го односот меѓу општественото лицемерие и личната чесност.Магор, Каталог 2015. Скопје, 2015, стр. 13.
Во „Мистерии“ Хамсун ги претставил своите размислувања за демократијата и воодушевувањето од Ничеовиот натчовек. Притоа, главниот лик се појавува како два различни лика. Ова дело, некои историчари на книжевноста го нарекуваат петтото евангелие на модернизмот, споредувајќи го со „Така зборуваше Заратустра“. Необичноста на ова дело произлегува оттаму што тешко може да се дефинира, зашто во него се вкрстуваат лирските и епските елементи, но сите се сложуваат дека во него преволадува ирационалното. Оваа фаза од неговото творештво ја сочинува и трилогијата составена од романите „Пан“, „Викторија“ и „Глад“.„Белешка о писцу“, во: Кнут Хамсун, Пан. Београд: Политика и Народа књига, 2004, стр. 171-172.
Наводи
Категорија:Дела на Кнут Хамсун Категорија:Норвешки романи Категорија:Изданија на Магор Категорија:Книги од 1892 година