Света Троица — црква којашто се наоѓа во Никодинскиот манастир. Таа е старата манастирска црква околу која подоцна бил изграден новиот манастир.„Црква „Света Троица“, село Никодин “. OldPrilep. 17 април 2017.

Историја Црквата постоела уште пред уривањето на манастирот од отоманските власти. Со возобновувањето на манастирот, познато е дека црквата била проширена.„Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“, село Никодин “. OldPrilep. 28 февруари 2017.

Архитектура Градбата на црквата има правоаголна основа со полукружна апсида на источната страна. Таа е поделена на два дела, од кои првиот е незначително потесен и во него се наоѓа влезниот простор, додека во вториот е главниот молитвен простор. Влезот е сместен на западната страна и над него има икона на која е претставена Богородица со Исус. Во црквата има три престоли, од кои средишниот е псоветен на Светото Тројство, а останатите два на Рождеството на Пресвета Богородица и Теодор Тирон.

Галерија

Поврзано Никодински манастир Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ Преспанско-пелагониска епархија Прилепско архијерејско намесништво Плетварско-беловодичка парохија Никодин

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Никодински манастир Никодин