Диви ангели (англиски: The Wild Angels) - американски филм од 1966 година, во режија на Роџер Корман (Roger Corman), според сценариото на Чарлс Б. Грифит (Charles B. Griffith). Главните улоги ги играат: Питер Фонда (Peter Fonda), Ненси Синатра (Nancy Sinatra) и Брус Дерн (Bruce Dern). Овој филм се смета за првиот филм на мотоциклистичкиот поджанр, а за него, режисерот Корман бил номиниран за наградата „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал во 1966 година.HRT (пристапено на 5.2.2019)
Синопсис „Ангелите“ се мотоциклистичка банда од Сан Педро. Тие се забавуваат во долината Коачела во Калифорнија, често доаѓаат во конфликт со полицијата, а на крајот, на свој начин го организираат погребот на еден член од бандата.HRT (пристапено на 5.2.2019)
Наводи
Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Филмови од 1966 година Категорија: Филмови на Роџер Корман Категорија: Филмови со Питер Фонда Категорија: Филмови со Ненси Синатра Категорија: Филмови со Брус Дерн Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во САД