Горна Орјаховица () е град во Северна Бугарија. Се наоѓа во областа Велико Трново недалеку од градовите Велико Трново и Долна Орјаховица и архитектурниот резерват село Арбанаси. Градот е втор по големина во областа после Велико Трново и е административен центар на општината Горна Орјаховица.

Историја Најраното населено место во регионот е од среднокамената епоха (вториот дел на петтото илјадолетие п.н.е.) Меѓу возвишението Камака и арбанашкото плато се пронајдени траги од подоцна тракиско село од племето кробизи. Кробизите ја изградиле тврдината Камака во 5 век п.н.е. Подоцна, во 1 век п.н.е. римјаните изградиле римска тврдина над нејзините рушевини. Ова населено место својаата економска егзистенција претежно ја стекнува преку лозарството и винопроизводството. Животот во него продолжил до доаѓането на словените во околу 6 и 7 век. Не се пронајдени материјални докази за живот во периодот од 7 до 12 век.

Надворешни врски Градски исторически музеј Тврдината Раховец Фолклорна компанија "Сидер војвода"

Наводи

Категорија:Горна Орјаховица Категорија:Населени места во областа Велико Трново