МРП вакцината е вакцина против морбили, рубела и паротитис. Првата доза претежно се прима на возраст од 9 до 15 месеци, додека втората се прима од 15 месеци до 6 години, со растојание помеѓу двете дози од најмалку 4 недели. По примени две дози, ефикасноста за стекнување на имунитет е 97% против морбили, 88% против паротит, и најмалку 97% против рубела. Вакцината се препорачува кај лица за кои нема евиденција за претхидно стекнат имунитет, кај оние со добро контролирана ХИВ/СИДА, и кај нецелосно имунизирани лица, до 72 часа после експозиција на морбили.
Наводи
Категорија:Вакцини