Аурих () — округ (Landkreis) во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Административното окружно седиште е во истоимениот град.

Се граничи со Северното Море на север и северозапад, округот Витмунд на исток и округот Лер на југ. На југозапад се граничи со безокружниот град Емден.

Географија

Аурих е сместен во најзападниот дел на Источна Фризија. На запад е устието на Емс и полуостровот Крумхерн кој се издава во него. Со население од околу 190.000 жители (2016) ова е најголемиот од окрузите на Источна Фризија.

Во состав на округот влегуваат и островите Јист, Нордернај и Балтрум од групата на Источнофризиските Острови. Малиот остров Мемерт јужно од Јист нема население, туку е заштитен како живеалиште на ретки птици. Дел од округот отпаѓа на националниот парк „Долносаксонско Ваденско Море“.

Историја

Округот за првпат е созададен во 1885 година како дел од преуредувањето на управната структура наследена од Кралството Хановер, кое тогаш станало покраина на Прусија. Единицата е обликувана со составување на подрачната единица (амт) Аурих со истоимениот самостоен град.Kreisordnung für die Provinz Hannover (1884) Во денешен облик округ настанал во 1977 година со спојување на дотогашните окрузи Аурих и Норден.

Грб

Грбот, прогласен во 1978 година, прикажува невин орел (или харпија), кое било хералдичко животно на семејството Кирксена, локален клан во средниот век. Желадите во грбот се симболи на градот Аурих, а шесткраките мамузи се симболи на Норден.

Поранешниот грб, доделен во 1950 година, прикажува златен даб, кое било дрво надвор од градот Аурих под кое се собирале Фризите за своите годишни состаноци.

Градови и општини

мини|десно|300п|Градови и општини во округот Аурих.

ГрадовиСлободни општиниСлободни областиОпштински заедници Аурих Висмор Норден Нордернај Балтрум Гросефен Гросхајде Дорнум Зидброкмерланд Илов Јист Крумхерн Хинте Мемерт 1. Брокмерланд Вирдум Лецдорф Мариенхафе1 Остел Рехтсупвег Упгант-Шот2. Хаге Берумбур Литетсбург Хаге1 Хагермарш Халбемонд 1седиште на општинската заедница

Поврзано Источна Фризија Источнофризиски Острови

Наводи

Надворешни врски

Остров Нордернај Остров Јист Остров Балтрум