Свети Никола — главна селска црква во селото Царев Двор, Општина Ресен, Македонија.

Местоположба

Се наоѓа во северниот дел на селото Царев Двор.

Историја

Црквата била подигната во 1875 година. На источната страна од црквата има камен со натпис 1837 и други зборови.Според истражување на завод завод и музеј Битола црквата е градена на темели на стара црква.

Во црквата постои спомен-соба, а на нејзината источна страна и спомен-плоча поставена на Општинскиот одбор на Сојузот на борци од НОБ - Ресен на која пишува:

Легенда

Легендата за градењето на оваа црква вели дека селаните наумиле да градат своја црква, турските власти не дозволувале. Тогаш, селаните се послужиле со невообичаен трик. Земале еден камен и на него исклесале крст. Есента истиот камен го закопале во земја, на местото каде што сакале да подигнат црква. Пролетта, кој знае по кој пат, отишле кај надлежните турски власти со своето барање и им рекле дека ако се копа на посоченото место ќе има „божји знак“. Турците на крајот попуштиле и дозволиле да се копа на местото, а кога бил најден и каменот, била дозволена и градбата на црквата.

Галерија

Поврзано Ресенско архијерејско намесништво Втора ресенска парохија Царев Двор

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Царев Двор Царев Двор