Првиот триумвират () било извршното тело на владата на Обединетите покраини на Рио де ла Плата (денес Аргентина). Првиот триумвират ја заменила Големата хунта. Триумвиратот функционирал од 23 септември 1811 до 8 октомври 1812 кога бил заменет со Вториот триумвират.

Потекло По поразот на патриотите за време на битката во Уаки на 20 јуни 1811 година, Големата хунта доживеала силен удар. Претседателот на хунтата, Корнелио Саведра, одлучил да преземе одговорност врз Армијата од северот и така ја напуштил функцијата и ја презел командата на Армијата. Ова овозможило маневарски простор на фракцијата која го поддржувала Маријано Морено, сè со цел да ја преземе функцијата и да ја распушти хунтата. Тогаш се одлучило да се избере триумвират кој би ја имал извршната власт во државата. Сепак овој триумвират бил под контрола на членови на хунтата.

Значајни подвизи Првиот триумвират бил одговорен за неколку значајни настани во тој период. Тој донел неколку значајни закони (Декларација за слободата на печатот, Законот за поединечна безбедност, акт за основање на Комора на жалби и регулативи за администрацијата за правда). Дополнително, на 13 јануари 1812 година ја основал интенденцијата на покраината Буенос Аирес, како и наредба Мануел Белграно да преземе мерки за одбрана при напад од Монтевидео.

Крај

Дејствијата на членовите биле ограниочени од борбите за моќ. Опозицијата успешно била неутрализирана, но внатрешната битка останала. Дополнително, опасноста за инвазија од Бразил и воените авантури на Манеул Белграно на север ја поткопале моќта на триумвиратот. Овој триумвират бил заменет со Вториот триумвират.

Членови

Фелисијано Чиклана, Хуан Хосе Пасо и Маниел де Саратеа. Секретари без право на глас: Бернардино Ривадавија, Хулијан Перес и Висенте Лопес и Планес.

Првични членови на Првиот триумвират

Наводи

Поврзано Втор триумвират на Аргентина Обединети покраини на Рио де ла Плата

Категорија:Аргентинска војна за независност Категорија:Историја на Аргентина