Свети Димитриј — главна селска црква во битолското село Барешани, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа на самото сретсело, веднаш до некогашниот задружен дом.
Историја
Црквата посветена на Свети Димитриј била подигната веднаш по завршувањето на Првата светска војна. Сепак, на натписна плоча на самата црква стои годината 1897, што укажува дека најверојатно црквата била подигната уште тогаш.
Камбанаријата на храмот била подигната од иселеници во Америка во 1928 година.
Галерија
Поврзано Битолско архијерејско намесништво Бистричка парохија Барешани
Наводи
Надворешни врски
Барешани