Евдокија Борисовна Паско (; р. — ) беше навигатор во советската женска 46. Таманска Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, 325. Ноќна бомбашка воздухопловна дивизија, 4. Воздухопловна армија на Вториот белоруски фронт за време на Втората светска војна. За нејзиниот успех во војната е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз на 26 октомври 1944 година.

Ран живот

Паско е родена на 30 декември 1919 во украинско семејство во селото Липенко, Жети-Огуски округ во Исиккулскаta област, што се наоѓа во денешен Киргистан, во тогашната Туркестанска Автономна Советска Социјалистичка Република. Таа е студент на Математичкиот факултет на Московскиот Државен Универзитет кога руските власти објавуваат повик за жени волонтери да се обучуваат за авијатичари, па Евдокија се приклучува кон армијата заедно со неколку од нејзините колешки студенти, вклучувајќи ги Екатерина Рјабова и Евгенија Руднева, кои исто така стануваат херои на Советскиот Сојуз.

Воена кариера

Паско станува навигатор во 49. Воздухопловен полк, а подоцна им се придружува на женската 46. Гарда на ноќен бомбашки воздухопловен полк, познат како Ноќни вештерки, каде што служи како навигатор за командантот на ескадрила Марија Смирнова.

За време на војната лета на бомбашки мисии против силите на Оската во Белорусија, Берлин, Крим и Кавказ, Керчкиот Полуостров, Кубан и Полска, често во екстремни временски услови и под силен противвоздухопловен оган. Вкупно, лета на околу 800 мисии. На 26 октомври 1944, Паско е прогласена за Херој на Советскиот Сојуз заедно со нејзината колешка Смирнова. Воените подвизи на Евдокија се опишани во статија во весникот Правда. Се пензионира од Советската Армија со чин на поручник на крајот на Втората светска војна.

Цивилен живот

По завршувањето на војната, Паско се враќа на нејзините студии и докторира по математика. Се мажи со нејзиниот колега Борис Маљшев. Предава преку четириесет години на Бауманскиот Московски државен технички универзитет.

Евдокија умира на 27 јануари 2017 година во Москва и е закопана на гробиштата Тројекуровскоје.

Награди и почести Херој на Советскиот Сојуз (26 октомври 1944) Орден на Ленин (26 октомври 1944) Два Ордени на Патриотската војна, прва класа (30 октомври 1943 и 11 март 1985) Орден на пријателство на народите (27 ноември 1980) Два Ордени на Црвената ѕвезда (9 септември 1980 и 26 април 1944) различни јубилејни медали

Поврзано

Список на хероини на Советскиот Сојуз Евгенија Руднева Марија Смирнова Полина Гелман

Наводи

Категорија:Родени во 1919 година Категорија:Починати во 2017 година Категорија:Херои на Советскиот Сојуз Категорија:Носители на Орденот на Ленин Категорија:Носители на Орденот на Црвеното знаме Категорија:Погребани на гробиштата Тројекуровскоје Категорија:Навигатори на лет Категорија:Добитници на Медалот на Жуков Категорија:Носители на Орденот на Црвената ѕвезда Категорија:Носители на Орденот на пријателството меѓу народите Категорија:Починати во Москва Категорија:Носители на Орденот на Татковинската војна од I степен