Фрајштат (, ) — гратче во областа Милфиртел, Горна Австрија, стопанско и управно седиште на истоимениот округ Фрајштат. Населението брои жители (). Најблиски поголеми градови се Линц (седиште на Горна Австрија) на 40 км јужно и Ческе Будјејовице (седиште на Јужночешкиот крај), на 60 км на север.
Историја Подрачјето на Фрајштат потпаднало под владение на Војводството Баварија во VII век.
Фрајштат е основан пред 1220 г. Познато е дека во 1225 г. низ ова место поминал војводата Леополд VI. Како населено место за првпат се спомнува во документ во 1241 г. како „Фринштат“ (Frienstat), а потоа во документ на кралот Рудолф I Хабсбуршки во 1277 г. како „Фрајнштат“ (Vreinstat). Гратчето се наоѓало на границата помеѓу хабсбуршките и чешките земји и крстосница на патиштата по кои се одвивала трговијата со сол и железо, од праисторијата до средновековието. Ѕидините на стариот град заедно со кулите и портите постојат и денес, а изградени се помеѓу 1363 и 1393 г.
Гратчето настрадало во француските походи во 1805 и 1809 г. за време на Наполеоновите војни. Во 1918 г. влегло во состав на сојузната покраина Горна Австрија. Со присоединувањето на Австрија кон Германија во 1938 г., месноста му припаднала на Горнодунавскиот крај (гау), каде останала сè до 1945 г. кога е вратена во Горна Австрија.
Составни населени места Како општина, Фрајштат ги опфаќа следниве населени места, наведени со нивните населенија (на ):
Галгенау (Galgenau, жит.) Санкт Петер (Sankt Peter, жит.) Трелсберг (Trölsberg, жит.) Фрајштат (Freistadt, жит.)
Знаменитости Главниот влез во стариот град е низ Линчката порта (Linzer Tor). Околу пространиот главен плоштад се стари домови на некогашните градски големци. На највисоката точка се издига црквата „Св. Катерина“, изградена во XIV - XV век во готски стил. Во 1690 г. е преработена во барокен стил, каква што останала до 1967 г. кога ѝ е повратен првобитниот изглед. Во североисточниот агол на плоштадот стои порта која води до Фрајштатскиот замок (XIV в.). Главната кула на замокот е висока 50 м и во неа денес е сместен Милфиртскиот дворски музеј (Mühlviertler Schlossmuseum) кој е од месно значење, познат по големата збирка на стакло со златорез и икони. Од другата страна на Чешката порта (Böhmertor) се наоѓа малата Богородична црква (Liebfrauenkirche, XV в.) со забележителни издолжени прозорци наречени „столбови од светлина“, изработени во 1484 г.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Градски портал на Фрајштат Туристички информации за Фрајштат Фрајштат на Википатување
Категорија:Градови во Горна Австрија Категорија:Општини во Горна Австрија